Почнувајќи од мај, д-р Маркус Шрам ќе биде новиот директор на BMW Motorrad

Маркус Шрам, кој веќе 28 години е дел од BMW, во моментов е одговорен за корпоративно планирање и производствена стратегија. Тој е исто така член на бордот на директори во „Bayerische Motoren Werke AG “ што го прави 55 годишниот Шрам вистински човек за оваа функција. Додадете го на ова и фактот дека тој е голем фан на мотоциклите како и дека веќе долги години е дел од BMW, станува јасно зошто тој е одбран да биде новиот директор.

bmw nov direktor

Откако го доби својот докторат на Универзитетот во Гисен, Шрам својата прва функција во BMW ја доби во 1991 година. Оттогаш па се до денес, тој има извршувано голем број на важни функции. Во февруари, Стефан Шалер ја напушти директорската позиција во BMW и премина во Voith GmbH Co. KgaA.  На негово место привремено дојде директорот за финансии Хуберт Кухнер, кој ќе остане на оваа позиција се до неговото пензионирање во април 2018 година.

Менаџментот во компанијата игра голема улога во однос на правецот во кој ќе се развива фирмата. На пример, пред речиси една година, Ducati назначи нов извршен директор кој дополнително ја разви Scrambler линијата на која сега паѓа речиси една четвртина од продажбата на мотоциклите на Ducati. За разлика од нив, нов директор назначи и Harley-Davidson, но во моментов таму ситуацијата е иста како и порано.

Засега е тешко да се каже во кој правец ќе се развиваат работите во BMW. Дали ќе посветат поголемо внимание на електричните мотоцикли и покрај тоа што моменталниот директор за италијанските медиуми изјави дека тие во моментов не им се во фокусот. Дали ќе бидат воведени целосно нови модели. Дали BMW ќе продолжи да ги развива моделите кои има сега.

Останува да видиме дали нешто од ова ќе се оствари. На д-р Шрам му посакуваме многу среќа на новата позиција и со нетрпение очекуваме да видиме со што ќе не изненади BMW во иднина.

Back To Top