Најголемата BMW средба која ќе биде седумнаесетта по ред ќе се оддржи во подножјето на планината Хаусберг во Гармиш-Партенкирхен на почетокот од месец јули.

Најголемата BMW средба која ќе биде седумнаесетта по ред ќе се оддржи во подножјето на планината Хаусберг во Гармиш-Партенкирхен на почетокот од месец јули.

Помеѓу 7-ми и 9-ти јули, интернационалната BMW заедница е поканета да ја прослави и да ужива во Баварската култура и обичаи. Посетителите ќе имаат можност да уживаат во возбудливи шоуа, музика и секако најновите мотоцикли на компанијата. Да не заборавиме, влезот е бесплатен за сите.

bmw motorrad days coming up in july 118884 1

Ако сакате да видите како еден мотоцикл му се спротиставува на законот за гравитација, тогаш не смеете да го пропуштите шоуто на фристајл артистите Мати Грифин и Сара Лезито.

Во Custom Village, посетителите ќе можат да ги видат уникатните мотоцикли, а секако целиот настан ќе биде проследен и со музика во живо.
Сакате да возите некој мотоцикл? BMW ќе ви понуди голем избор на актуелни модели кои ќе можете да ги пробате. Но за да го сторите тоа, претходно ќе треба да се регистрирате.

Ендуро патеката која е сместена во подножјето на планината нуди уникатно искуство како за почетниците така и за искусните ендуро ентузијасти. Тука офроуд фановите ќе може од прва рака да го искусат се она што BMW GS може да го понуди. Искусните инструктори ќе бидат тука за да ви покажат колкава забава само нуди ваквото возење.

Оваа година посетителите ќе можат и да учествуваат во натпреварот за возење. Доколку бидете дел од ова тогаш ќе можете да се натпреварувате и против светскиот шампион во Супермото, Бернд Химер. Доколку се одлучите да ги донесете и вашите деца тогаш треба да знаете дека има обезбедено и градинка.

За крај, сите гости ќе имаат можност да освојат и комплетно нов мотоцикл од BMW.

Back To Top