Се сеќавате ли на Ariel Ace, моќниот уличен мотоцикл на британската компанија? Атрактивниот уличен мотоцикл ќе добие нова, поспортска верзија и ќе биде преставен за време на „NEC Motorcycle“ шоуто кое ќе се оддржи во ноември.

Се сеќавате ли на Ariel Ace, моќниот уличен мотоцикл на британската компанија? Атрактивниот уличен мотоцикл ќе добие нова, поспортска верзија и ќе биде преставен за време на „ NEC Motorcycle “ шоуто кое ќе се оддржи во ноември.

Доколку немате многу пари, ова шоу можеби ќе ви биде единствената можност да го видите овој мотоцикл во живо, бидејќи британската компанија планира да произведе само десет примероци од овој модел.  

Ariel Ace R concept

Во моментов, се уште не се познати многу од деталите. Од компанијата само велат дека тој ќе има уникатна боја, подобри перформанси и поголема моќност.

Иако сметаме дека е погрешно што британската компанија прави мотоцикл кој се базира на VFR платформата, сепак  Ariel прави неверојатно убави машини во својата фабрика. За кратко време станавме нивни големи фанови.

Наскоро очекувајте и повеќе детали за овој модел.

Back To Top