Доколку Американскиот мото бренд сеуште постоеше оваа година тие ќе го одбележеа нивниот триесетти роденден.

buell-motorcycles-poster-crop

Доколку Американскиот мото бренд сеуште постоеше оваа година тие ќе го одбележеа нивниот триесетти роденден.

Без вистински третман од нивната матична компанија Harley-Davidson, Buell моторциклите страдаа од тоа што не беа доволно Харли, а пак не беа прифатени од остатокот од купувачите поради големите сличности со брендот од Милвоки.

Сепак, во своите 27 години, Buell мотоциклите успееа да привлечат доволно следбеници, иако продажбата која ја имаше не беше доволна за брендот да биде профитабилен. Откако Harley – Davidson се соочи со опаѓање на продажбата за времена економската криза, компанијата реши да ги затвори вратите за Buell  моторциклите.

Сепак историјата на брендот продолжува преку Erik Buell Racing, која веднаш по нејзиното создавање го објави EBR 1190RS – тркачки моторцикл кој не се разликува многу од Buell 1125R. Сеуште не знаеме каква ќе биде иднината на новата компанија иако има најава за нови моторцикли.Ние мислиме дека ако анкетирате неколку поранешни сопственици на Buell моторцикли, тие ќе сакаат да го видат овој постер надграден.

Buell-poster-high-res

Извор: Asphalt & Rubber

Back To Top