Во ладниот Донингтон каде дури и славниот Рон Хаслам се мачеше да ги загрее гумите, ние ја возевме Honda CBR600RR C-ABS

Величенствениот Донингтон парк, местото на кое се случија некои од најголемите тркачки судири. Роси против сите останати во 2005, Сена против дождот во 1993 и Кијонари против Суперпол во 2008. Таа е патека која го вади најдоброто од возачите. Влажната патека во Донингтон беше одлично место за промоција на последниот суперспорт натпреварувач на Honda, ревидираниот и подобрениот CBR600RR.

Истиот ден, BSB тестовите во Снетертон беа откажани но ние продолживме понатаму. И покрај тоа што ни недостасуваа греачите за гуми, успеавме тоа да го надополниме со неколку чаши чај и здрава доза на оптимизам. Би можело да биде и полошо. Барем снегот не се задржуваше.

cbr600-1

Она што е одлично кај Honda е фактот дека тие ретко се фалат со она што го прават. Се чини дека тие добиваат идеја за мотор и веднаш ја реализираат. Но, фактотдека не се фалат со нивните производи резултира со тоа што мотоциклите како 2012 и 2013 CBR600RR се занемарени бидејќи луѓето мислат дека тоа се само стари мотори на кои им е дадена нова боја.

cbr600-3Најголемата карактеристика на новиот мотор е комбинираната ABS „Brake-by-Wire“ технологија која сега е стандарден додаток. Не е најнова, оваа технологија е тука од 2009 но порано беше само опција. Веќе не можете да купите нов CBR600RR без ABS.

„Brake-by-Wire“ системот функционира на овој начин:  кога ќе ја притиснете сопирачката, течноста за сопирачките врши притисок на сензорите. Сопирачките (елетрониката испраќа сигнал) ја оценуваат брзината на предното и задното тркало и потоа им даваат наредба на двата серво уреди кои ја спроведуваат хидрауликата на сопирачките. Предната и задната сопирачка исто така работат заедно  за да го одржат мотоциклот стабилен. Сепак, од Honda тврдат дека доколку малку ја притиснете задната сопирачка тоа нема да предизвика реакција и кај предната сопирачка.

Бидејќи нема директна поврзаност со плочките на сопирачките, не чувствувате пулсирање на рачките кога ABS системот ќе почне да работи. Доколку ABS системот откаже,притисокот на сопирачките и течноста ќе ја заобиколат паметната кутија  и сопирачките ќе работат на стандарден начин.

Honda тврди дека обезбедува оптимална сила на кочење за секоја ситуација без да го заклучува тркалото.  Софтверот се применува од 2013 година и целта му е да ги подобри задните сопирачки. Тој неможе да се исклучи.

Втората промена –овој пат тоа е оригинален нов додаток-е употребата на Big Piston вилушките. Доколку не сте возеле мотоцикл со нив, тогаш треба да го направите тоа. Последниот модел на Fireblade има 43мм вилушки, а новиот CBR600RR има 41мм вилушки. ABS и големите вилушки се одлични додатоци за сигурен преден дел, но треба да имате и добри гуми.

Меѓу останатите промени се и тркалата со 12 краци, кои се само малку полесни отколку кај моделот од 2012 година. Иако тежината на тркалото е малку променето, од Honda  тврдат дека нивната структура овозможува масата да биде позиционирана подалеку од бандажот со што се покажуваат некои од предностите на полесните тркала. Но сепак тие изгледаат навистина добро.

Системот за мапирање на вбризгувањето на гориво е заедно со системот за директно вбризгување на воздух (ram-air), со што се овозможува  мало подобрување на потрошувачката на гориво и преформансите. Тоа накратко е новиот 2013 CBR600RR.

cbr600-4

Откако прекина снегот, време беше за акција. Рон замина на патеката и се врати после шест круга. Колку и да се обидуваше, тој не можеше да ги загрее гумите.

Она што следуваше е возење што нема да го заборавам долго време. Ги напуштивме гаражите како група на планинари кои се поврзани со јаже. Само што нашето јаже беше невидливо. Сите останавме во линија. Очекував барем еден од нас да падне но тоа не се случи. Смирено ги возев првите неколку кривини, а потоа малку забрзав откако се појави правец пред мене. Но одеднаш задниот дел ми откажа. Ништо страшно. Изгубив само неколку метри од момците пред мене. Но благодарение на C-ABS брзо се вратив на истото место.

Нашето невидливо јаже сеуште беше тука и првиот возач неможеше да ни побегне. И покрај довербата што ја нуди ABS при сопирање, тешко беше да се има било каква доверба во предниот дел. Не покажуваше никакви знаци на затоплување. Возејќи сигурно, за брзо време се најдов напред. Но потоа повторно се најдов на истото место. Јажето сеуште беше тука.

cbr600-5

Тоа беше како трка во успорена снимка. Јас речиси можев да го допрам возачот пред мене, иако бев една секунда позади него. Секој момент треба да биде внимателно размислен. Со секое зголемување на брзината, опасноста беше се поблиска.

Настрана колку се добро сопирачките, она што навистина ме изненади во овие 15 круга е колку е осетлива гаста и колку мала контрола нудат Dunlop D214s при вакви услови. Не е фер да му се суди на мотоциклот при возење во вакви услови, но гасот реагираше во истиот момент откако ќе го допрете.

Осетливоста на  гаста несомнено би била добро за на пат или на тркачка патека, но беше премногу осетлива за условите во кои возевме ние.

Не би сакал да започнам дебата дека на 600с не им треба контрола на тракцијата, но изненаден сум дека Honda  не го нуди тоа на новиот CBR600RR. Ги има скоро сите сензори преку кои тоа може да се оствари. Се сомневам дека некој во Honda не ја сака оваа опција бидејќи смета дека тоа би значело дека моторот не е стабилен, но очигледно е дека тој никогаш не возел во вакви услови на  Dunlop D214s.

cbr600-6

Друг дел за кој мислам дека недостасува е одсуството на ‘Track mode’.   Иако можете да го зализгате задниот дел при запирање, кога силно ќе ја притиснете предната сопирачка, а потоа малку и задната, таа секогаш е поврзана со предните и секогаш ги употребува нив. Тоа не би било тешко да се исклучи; BMW, Ducati и Triumph успеаа во тоа. Имам чувство дека Honda може и подобро но не сум убеден дека секогаш го прават тоа.

Ќе ја возам 2013 CBR600RR уште еднаш на вистински пат и на тркачка патека кога ќе се подобрат условите и тогаш ќе можам да ја кажам конечната оценка.

Модел: Honda CBR600RR C-ABS 2013

Боја: Репсол, Црна и црвена/бела/сина

Цена во Македонија: 14.490 евра. 

Увозник: Макпетрол

Извор на тестот: „VisorDown

Back To Top