Ајде да направиме список на сите работи што го прават овој мотор толку практичен...цената, тежината, управливоста, комфор и практичност. Моќноста и брзината не спаѓаат во тој список.

Незнам дали го знаевте ова за мене ... но јас сум вљубеник во ножевите. „Обвинете“ ја младоста потрошена на правење бељи надвор. Па така кога го најавија новиот „Honda NC700X“ направен во авантуристички стил, опремен со автоматски менувач, со половина мотор од кола, во најаватанарекуван „Швајцарско армиско ноже помеѓу моторите“.... бев малку скептичен.

Мој омилен нож во моментов ми е  Esse-6,  го произведува мала компанија од Алабама, преголем е за да го носиш со себе секој ден, и е нелегално да го носиш во поголем број држави! Тежи 340 грама и е 30 цм. долг.

Претставува значителен дел од товарот што го носиш со себе. Со својата вредност од околу 120евра е доволно скап за да ми го уништи денот ако го загубам! Подготвен сум да го трпам сето оваа затоа што за моите авантуристички прошетки или возења со велосипед по планина, ми е скоро совршена алатка. Добивам функционалност на секира во пакување кое можам да го носам на колкот. Со него можам да пресечам суво дрво за оган за неколку минути. Направен од челик 1095, сепак му е потребно одредено одржување.

Тоа е егзотична и специјализирана алатка која 99% од луѓето нема да знаат ниту како, ниту за за што се користи. Токму затоа сите останати користат швајцарско армиско ноже!

Омилен мотор деновиве ми е Aprilia RSV4, исто така го произведува мала фабрика, овојпат во Ноале, Италија и очигледно е егзотичен и високо специјализиран. 99% од луѓето имаат проблем со метаболизмот на него уште во 1-ва брзина. Токму затоа повеќето луѓе возат автомобили.

Во оваа приказна  NC700X доаѓа токму поради неговата широка применливост. Сите, вклучувајќи ја и мајка ми, носи швајцарско ноже. Тоа е за тоа што со него може да отвори шише вино, да пресече кутија, да отвори пиво, да извади шпиц, па дури и да направи нова дупка на твојот ремен. Мајка ми никогаш нема да има потреба да сече дрва во шума, па доколку има невреме за да се стопли и преживее! На повеќето луѓе не им требаат моторцикал за да поставуваат рекорди за брзина, ним им треба практичен, економичен, забавен за возење мотор, кој можат да го користат секој ден и да уживаат во возење при релаксирачки патни брзини. Судејќи по тест возењето што го направивме денес во Малибу, NC700X е токму тој мотор!

Ајде да направиме список на сите работи што го прават овој мотор толку практичен...цената, тежината, управливоста, комфор и практичност. Моќноста и брзината не спаѓаат во тој список. Секој моторцикл па дури и таков со 50-на коњски сили е има подобро забрзување од повеќето спортски автомобили, така да брзината е релативна на некој начин!

Цена:  NC700X кај нас е со почетна цена од 6.490 евра за основниот модел без АБС. Тоа е екстремно евтино за мотор кој ќе те носи на работа, ќе те повози низ државата, со него можеш да одиш на излет, или да правиш се што ќе ти падне на памет. Но ако сакаш да имаш и АБС и автоматски менувач цената станува посолена за дополнителни 1000 евра.

Тежина:  NC700X  на хартија е доста тежок,  дури 215кг. Но со доброто и ниско позиционирање на машината и резервоарот, резултатот на добиената управливост и комфор е зачудувачки.

Управливост: Нискиот центар на гравитација му дава на овој мотоцикл одлична стабилност и упрaвливост.Линеарното забрзување, стабилните и сигурни сопирачки и удобното седење само го надополнуваат впечатокот. Ако е опремен и со автоматски менувач тогаш е правиот избор за почетници или пак само за одење од точка А до точка Б.

Комфорт: Една од големите тајни што никој нема да ти ја кажи е дека моторите, вклучувајќи ги и оние што изгледаат навистина убаво, е дека тие се зачудувачки неудобни! За тоа сведочат Triumph Tiger Explorer или BMW F800GS, но не и NC700X. По три и пол часа возење утрово на него не почуствував никаков проблeм ниту некаква вкочанетост. Удобноста е клучна за употребливоста на еден моторцикал.

Практичност: Практичноста е всушност главниот адут на NC700X, не само што е евтин за да го купиш, туку е евтин и за возење. Декларираната потрошувачка од производителот е 3,5л./100км.

Конкуренцијата! Kawasaki Versys 650 е за малку помоќен , но не се разликува суштински од Хондата, а може да се набави за 7500 евра. V-Strom 650 е побрз, поразновиден и дава можност за offroad возење, може да се набави за околу 8500 евра со стандарден АБС. Најголема забелешка за хондата ми е тоа што во основниот пакет не е вклучен и АБС системот кој многу значи за возачите со помало искуство. Хондата е поудобна од Сузукито поради нискиот центар на гравитација и потесниот дизајн, успешно камуфлирајќи ги неколкуте сантиметри плус на позицијата за седење.

Па тоа е тоа! Мотор кој штеди, кој ќе ве разнесува наоколу, кој ќе ве однесе на кампување без никаков проблем. Можеби неможе да отвори шише пиво, но бидејќи може да направи толку многу други работи и е забавен за возење,  ќе и признаеме на Хонда за епитетот „Швајцарско армиско ноже“

Можеби нема да биде ултимативна специјализирана алатка за експерти, и нема да ни даде емотивна поврзаност на човекот и машината како што тоа може да го направи RSV4. Но сепак тој е проклето добар мотор, уживав во возењето со него денес, а сигурен сум ќе уживате и вие. Тој е практична, достапна алатка способна да ги реши сите предизвици на секојдневното живеење!

Текстот е објавен со дозвола на авторот Вес Силер (мото новинар од САД)

Back To Top