Десетата етапа на релито Дакар се покажа како лоша за возачот на Rockstar Energy Husqvarna, Пабло Квинтанила, кој мораше да се повлече од трката.

Десетата етапа на релито Дакар се покажа како лоша за возачот на Rockstar Energy Husqvarna, Пабло Квинтанила, кој мораше да се повлече од трката.

За оние кои не се во тек, Квинтанила се наоѓаше на второто место во генералниот пласман и беше многу блиску на својот тим да му ја донесе првата победа на релито Дакар.

Pablo Quintanilla 2017 Dakar Rally Husqvarna 18

Денешната и утрешната етапа се местата каде што можеме да очекуваме промени на табелата со оглед на тоа дека последниот дел кој ќе се вози во сабота и кој е со должина од 64 километри  е повеќе наменет за публиката.

Со заостанување од само 21 минута зад лидерот Сем Сандерленд, Квинтанила беше многу близку до преземање на лидерското место.

Back To Top