Оваа снимка ни доаѓа од тест возачот на Aprilia, поранешен GP натпреварувач и ТВ коментатор, Алекс Хофман

laverty-hofmann

Нема подобар звук од оној што може да го направат две фабрички Aprilia RSV4 Супербајк машини. Оваа снимка ни доаѓа од тест возачот на Aprilia, поранешен GP натпреварувач и ТВ коментатор, Алекс Хофман кој што се приклучи на тестирањето на фабричкиот тим на патеката во Херез.

Хофман прикажа импресивно возење бркајќи го Јуџин Лаверти и заврши како втор најбрз возач на денот со време од 1:42:407. Лаверти беше на врвот со време од 1:42:251. Германецот, разбирливо беше задоволен од времето кое го постигна.  На својот твитер профил тој напиша: „Се чувствувам прилично задоволен од тоа што го направив денеска“

Back To Top