Том Паже од Франција и Клинтон Мур од Австралија имаа жесток дуел во финалето на натпреварувањето одржано пред 17-илјадната публика во Преторија, при враќањето на светското турнеја на Red Bull X-Fighters во Јужна Африка.

xf 2

Том Паже од Франција и Клинтон Мур од Австралија имаа жесток дуел во финалето на натпреварувањето одржано пред 17-илјадната публика во Преторија, при враќањето на светското турнеја на Red Bull X-Fighters во Јужна Африка. Паже го освои највисокото место на пиедесталот, Мур беше второпласиран, додека Јапонецот Така Хигашино го освои третото место.

ПРЕТОРИЈА, Јужна Африка – Французинот Том Паже кој е иноватор и го промени спортот наречен мотокрос слободен стил, повторно ја „затресе“ табелата со својот нов триумф во светската серија Red Bull X-Fighters на натпреварувањето одржани во Преторија, Јужна Африка. Тој се соочи со човекот кој го држи врвот во генералниот пласман од почетокот на сезоната, Клинтон Мур од Австралија, а во финалето и двајцата извозеа безгрешно и изведуваа фигури кои беа незамисливи во минатите сезони.

xf1

Мур извлече воздишки од 17-илјадната публика со изведување на своите фигури „Bundy“ и „Volt“ кој прв пат беше изведен во натпреварување и тоа во „земја-земја“ изведба, на патеката која е уникатна по тоа што има две ленти. Но, Паже имаше најбогат репертоар на фигури, а возеше последен и тоа како обземен. Французинот го направи својот препознатлив „Alley Oop Flair“, по што уследија „Bike Flip“ и „Special Flip“, но и најновата фигура „Transfer Flip“, па судиите со едногласна одлука му ја доделија победата.

Со овој резултат Паже и Мур се изедначени со поените на врвот на табелата во најпрестижното натпреварување во мотокрос слободен стил, подготвувајќи терен за големото финале кое ветува одлично шоу на 30 октомври во Абу Даби.

- Викендов беше луд. Сега имам време да се вратам назад и да тренирам напорно пред дуелот во Абу Даби. Сакам да додадам уште некоја фигура на мојата листа и да возам уште подобро во финалето,- рече Паже.

xf3

Така Хигашино од Јапонија го освои третото место на патеката од црвена земја поставена пред зградите на Унијата, со импресивно возење кое вклучуваше и одлично изведено салто наназад, како и неодамна усовршената фигура „Flair“. Актуелниот шампион Џош Шихан го освои четвртото место со ретко виденото двојно салто наназад, кое во негова изведба секогаш изгледа лесно.

Резултати: 1. Томас Паже (Франција), 2. Клинтон Мур (Австралија), 3. Така Хигашино (Јапонија), 4. Џош Шихан (Австралија), 5. Роб Аделберг (Австралија), 6. Давид Риналдо (Франција), 7. Маикел Мелеро (Шпанија), 8. Реми Бизуар (Франција), 9. Адам Џонс (САД), 10. Хавиер Вилегас (Чиле), 11. Алистер Сејер (Боцвана), 12. Дани Торес (Шпанија).

Табела: 1. Томас Паже (Франција) 280 поени, 2. Клинтон Мур (Австралија) 280 поени, 3. Ливај Шервуд (Нов Зеланд) 185 поени, 4. Давид Риналдо (Франција) 145 поени, 5. Џош Шихан (Австралија) 145 поени, 6. Роб Аделберг (Австралија) 135 поени, 7. Дани Торес (Шпанија) 100 поени, 8. Адам Џонс (САД) 100 поени, 9. Така Хигашино (Јапонија) 95 поени, 10. Реми Бизуар (Франција) 90 поени.

Back To Top