Останато

Motul повторно е официјален лубрикант на Isle of Man

Motul повторно е официјален лубрикант на трофејот Isle of Man. Од 5-ти до 9-ти јуни, три тима со техничка поддрша од страна на Француската компанија остварија победи на трката која постои од 1911 година.

Следете нè на:

 

Motul повторно е официјален лубрикант на трофејот Isle of Man. Од 5-ти до 9-ти јуни, три тима со техничка поддрша од страна на Француската компанија остварија победи на трката која постои од 1911 година. Birchall Racing победи во категоријата side –car, двете Mugen Shinden остварија еден-два победа во TT Zero, а Bennets Suzuki го освои трофејот во престижата Senior TT трка.

michael dunlop bennetts suzuki 1

Мајкл Данлоп сега има 15 победи но овој пат ја оствари првата победа со Suzuki. Синот на Роберт Данлоп и внук на Џои Данлоп, остави печат на трката со најдоброто време кое го постигна во квалификациите за Супербајк, а постигна и најдобро време по извозен круг и на Seniot TT. „Она што некогаш беше невозможно, сега е возможно. Нашиот GSX-R1000 беше комплетно нова машина. Ни недостигаше малку искуство и работевме напорно на сетапот. Да ги немавме техничките проблеми ќе можев да победам и на Супербајк трката,“ изјави тој. Браќата Том и Бен Бирчал доминираа на двете F2 side car трки. Актуелните лидери во FIM Светскиот шампионат со тоа станаа шест - кратни победници на Isle of Man TT. За крај, двата Mugen Schiden електрични мотоцикли ја постигнаа четвртата последователна победа на TT Zero.

Би можело да ве интересира

На наш колега моторџија му е потребна помош, да се покажеме во вистинско светло во недела!

Викендов на патеката Орман во Скопје се вози третата и последна трка од шампионатот на Македонија во мотокрос.

Фантастична борба за победата ја одбележа првата трка за ГН на Тајланд која му припадна на Марк Маркез.

Слободно можеме да кажеме дека новите модели кои ги прикажа Ducati за време на Intermot беа помалку резервирани.

За време на изложбите во Париз и Intermot, Honda го претстави новиот Super Cub C125 кој се очекува да се најде на пазарот оваа есен.

Не сите модели кои ќе ги видиме на Intermot имаат нова технологија, неколку мотоцикли за 2019 година добија само нова боја.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.