thumb_horhe-martinezОвогодишното издание на релито Дакар имаше трагичен старт откако на првиот натпреварувачки ден загина аргентинскиот мотоциклист Хорхе Мартинез Боеро. Инцидентот се случил на 55. километар од специјалот на првата етапа од Мар дел Плата до Санта Роса.

horhe-martinez

Овогодишното издание на релито Дакар имаше трагичен старт откако на првиот натпреварувачки ден загина аргентинскиот мотоциклист Хорхе Мартинез Боеро. Инцидентот се случил на 55. километар од специјалот на првата етапа од Мар дел Плата до Санта Роса.

- По падот возачот добил срцев удар. Му беше пружена медицинска помош пет минути по несреќата од лекарски тим кој бил во близина со хеликоптер, но тие за жал не успеале да го спасат. Боеро е пренесен во болница, каде е констатирана смртта. Жалиме за трагичниот настан и им упатуваме искрено сочувство на членовите на неговото семејство и на неговите сакани – се вели во соопштението на организаторот.

Несреќниот Боеро (38) е 19 натпреварувач кој загинува на славната рели трка од нејзиниот почеток во 1979 година, и вкупно 57, вклучувајќи ги тимските членови и гледачите.

На годинешната трка учествуваат вкупно 469 натпреварувачи во четири категории, 188 мотоцикли, 32 квадови, 173 автомобили и 76 камиони. Главната битка кај мотоциклистите се очекува да се води меѓу бранителот на тронот Марк Кома и поранешниот повеќекратен победник Сирил Деспре, и двајцата на КТМ. Кај автомобилите се очекува неизвесна битка по повлекувањето на Фолксваген, кој доминираше последниве години. Бранителот на титулата Насер Ал Атијах се натпреварува со Хамер.

Натпреварувачите годинава ќе возат 14. етапи од Атлантикот до Пацификот, а покрај низ Аргентина и Чиле, каде ќе се возат по пет етапи, за прв пат ќе се вози и низ Перу, каде ќе се возат последните четири етапи. Планирани се 8400 километри, од кои половина во специјални етапи. Финишот е на 15. јануари во Лима, Перу

Извор: Плус инфо

Back To Top