„Поминаа оние денови кога доколку стартувате како прв лесно ќе можете да им избегате на ривалите,“ - Џон МекГинис

Кога беше објавено дека Џон МекГинис ќе го започне овогодинешниот ТТ од петото место, многумина сметаа дека 23- кратниот победник на планинската трка е казнет. Но, тој откри дека тоа било негов избор со цел да се најде меѓу ривалите Иан Хачинсон и Мајкл Данлоп.

Иако освои две места на подиумот, 2016 година не беше успешна за МекГинис  бидејќи не можеше да го следи темпото на Данлоп и Хачинсон. Од таа причина тој се одлучи за нов предизвик оваа сезона.

mekginis 1

„Поминаа оние денови кога доколку стартувате како прв лесно ќе можете да им избегате на ривалите,“ изјави тој за време на пресконференцијата која се оддржа за време на претставувањето на овогодинешниот Isle of Man. „Ми требаше да има некого пред мене кој ќе се обидам да го претекнам. На тој начин и јас ќе станам подобар. Пред десет години јас секогаш пристигнував прв на првиот контролен пункт но сега се чини дека тоа ми е најслабата страна.“

„Морам да се вратам на основата, а фактот кога знам дека Данлоп е зад мене ми дава мотивација да бидам подобар.“

Возачот на Norton, Дејв Џонсон ќе стартува од првата позиција а веднаш зад него ќе бидат Брус Енсти и Џејмс Хилиер.

Back To Top