Џејмс Хилер, возачот на Quattro Plant Kawasaki тимот кој настапува на Isle of Man TT трката оваа година ќе има незаборавно искуство, тој ќе ја вози новата Kawasaki Ninja H2R.

ninja h2r isleofman

Џејмс Хилер, возачот на Quattro Plant Kawasaki тимот кој настапува на Isle of Man TT трката оваа година ќе има незаборавно искуство, тој ќе ја вози новата Kawasaki Ninja H2R.

Хилер е еден од ретките возачи кои ја има поминато патеката со просечна брзина поголема од 210км/ч, а на 10-ти јуни ќе има прилика да ја вози новата Ninja H2R на параден круг во организација на „Monster Energy“. Заедно со него со тркачките Супербајк реплики на патеката ќе се појават и Џонатан Реа и Том Сајкс.

Иако нема да влезе во конкуренција, Ninja H2R е само уште една причина за посетителите на годинешниот Isle of Man TT фестивал да бидат дел од незаборавното шоу. 

„Ја возев Ninja H2, уличната верзија, но ова е нешто сосема поинакво“ - изјави Хилер за медиумите. „Со нетрпение очекувам да слушнам како ќе звучи моторот во првиот дел од патеката каде се создава одлично ехо од околните објекти, а потоа и да го извадам максимумот од планината“ - дополни тој. 

Back To Top