Еден од најпознатите тркачи на јавните патишта, Гај Мартин, реши да се врати на натпреварувањето откако потпиша договор со Honda Racing. Мартин ќе му се придружи на Џон Мекгинис и заедно ќе се натпреваруваат на North West 200 и Isle of Man TT. И двајцата возачи ќе настапат со Honda CBR1000RR SP2.

Guy Martin Honda Road Racing 2017 06

Ова претставува одлична вест за сите оние на кои им недостасуваше присуството на Мартин на трките. Тој го пропушти минатогодишниот настап на Isle of Man TT и уште неколку други настани откако одлучи да се посвети на други проекти меѓу кој и обидот да го сруши брзинскиот рекорд во Боневил.

Мартин и Мекгинис имаат големи очекувања од новата Honda CBR1000RR SP2 и се очекува новата тркачка платформа да му обезбеди големи подобрувања на мотоциклот.

Многумина кои се дел од трките сметаат дека Honda CBR1000RR SP2 е одличен мотоцикл и дека платформата само ги ограничува возачите. Растот на BMW S1000RR и фактот дека тој е префериран од страна на другите возачи само го потврдува ова мислење.

Со поголема моќност, променета шасија и нова електроника на раполагање, од Honda се надеваат дека тоа ќе ги промени работите.

Мартин ќе се обиде да ја постигне својата прва победа на Isle of Man TT, а Мекгинис, кој досега има остварено 23 победи, ќе се обиде да го достигне рекордот на Џои Данлоп кој има 26 TT победи.

Back To Top