Возачот на Monster Energy Honda, Јоан Бареда, оствари нова победа на десетатата етапа од релито Дакар 2017. Денот беше драматичен и многу возачи имаа проблеми со навигацијата на стазата која беше со должина од 400 километри.

Возачот на Monster Energy Honda, Јоан Бареда, оствари нова победа на десетатата етапа од релито Дакар 2017. Денот беше драматичен и многу возачи имаа проблеми со навигацијата на стазата која беше со должина од 400 километри.

2017 Dakar Rally Stage 10 Honda 05

Британскиот возач Сем Сандерленд беше еден од возачите кои имаше проблеми, а во иста ситуација се најдоа и неговиот колега од Red Bull KTM Матиас Валкнер како и главните конкуренти Пауло Квинтанила и Адриен Ван Беверен. За среќа Британскиот возач успеа да ги поправи грешките и ја задржа предноста во генералниот пласман.

Сепак на крајот на денот тој не се најде меѓу првите десет возачи. Квинтанила, покрај навигацискиот имаше и механички проблем а подоцна и падна па мораше да реагираат медицинските лица.

Ван Беверен, кој стартуваше од третото место исто така имаше проблеми и падна за едно место на табелата. Тој сега се наоѓа на четвртото место. Валкнер ја зазеде втората позиција, а на третото место се наоѓа Џерард Фарес.

Со оваа победа, Бареда повторно се искачи на петото место и покрај казната од еден час што ја доби минатата недела поради нелегално полнење гориво. Неговиот тимски колега Михаел Метге денот го заврши на второто место. Третиот возач на Honda, Американецот Рики Брабек, не успеа да се искачи на подиумот откако на 13 километри до крајот на етапата имаше механички проблем.

Back To Top