Дакар 2017 ќе биде најтешката трка досега бидејќи возачите ќе мора да искачат висина од 4000 метри.

Дакар 2017 ќе биде најтешката трка досега бидејќи возачите ќе мора да искачат висина од 4000 метри.

Во пресрет на деветото издание на релито Дакар кое се оддржува во Јужна Америка, организаторите на настанот најавија низа маратонски етапи и планински предизвици кои ќе бидат најголемиот тест за издржливост.

Во 2017 година на релито ќе се приклучи уште една земја, Парагвај.

Toby Price KTM

Ќе учествуваат 146 мотоцикли кој ќе го започнат настапот од Асунсион на 2-ри јануари, а 14 дена подоцна и после поминати 8850 km, релито ќе заврши во Буенос Аирес.

За време на претставувањето на етапите, спортскиот директор на Дакар, Марк Кома, изјави: „Ова е ДНК-та на Дакар во својата најчиста форма. Навигацијата се врати на релито по барање на учесниците. Сакавме да ја вратиме назад есенцијата на авантурата. Ќе има шест етапи подолги од 400 километри и ќе има многу песок. На седум од дванаесете етапи ќе бидат тестирани вештините на возачите на песочните дини. Ќе има и шест етапи кои ќе се возат на висина поголема од 3500 метри. Во Парагвај ќе биде топло и влажно, во Боливија ладно и голема надморска височина, а во Аргентина температурата ќе биде повисока од 40 степени.“

Сем Сандерленд, кој  ќе биде лидер на Британските возачи, се надева дека оваа година ќе има поголема среќа. Тој победи на првата етапа во 2015 година, но на четвртиот ден мораше да го заврши релито. 28 годишниот натпреварувач на КТМ е одличен возач но мора да го заврши релито за да го достигне статусот на рели ѕвезда.

Back To Top