Полскиот мотоциклист Михал Херник беше пронајден мртов за време на третата етапа од релито Дакар, соопштија организаторите.

Hallado Michal Hernik Dakar Argentina TINIMA20150107 0002 3

Полскиот мотоциклист Михал Херник беше пронајден мртов за време на третата етапа од релито Дакар, соопштија организаторите.

Триесет и деветгодишникот беше најден на 300 метри од патеката на етапата од Сан Хуан до Чилесито во Аргентина.

Причината за смртта засега е непозната, бидејќи на телото на Херник немало видливи знаци на несреќа.

Ова беше прв настап за Херник на релито и се наоѓаше на 84. место.

- Кога менаџментот на трката забележа дека неговиот сигнал е изгубен, реши да почне потрага во мотоциклистот. Хеликоптер на брза помош го пронајде на 300 метри од рутата. За жал, докторот можеше само да констатира смрт - сооштија организаторите.

Релито Дакар е познато по фаталните несреќи и досега има над 50 загинати натпреварувачи и гледачи од неговото воведување во 1979 година.

Фото: АП
Извор: Вест

Back To Top