Марк Кома, возачот на Ред Бул КТМ тимот, викендов дојде до четвртата титула на релито Дакар, титула која за КТМ тимот значеше 13-та во низа!
Марк Кома, возачот на Ред Бул КТМ тимот, викендов дојде до четвртата титула на релито Дакар, титула која за КТМ тимот значеше 13-та во низа!
За да биде успехот поголем за тимот на КТМ вториот возач Жорди Виладомс по последната етапа се најде на втората позиција во генералниот пласман што за тимот значеше 1-2 победа.
За фантастичниот настап на Кома зборува и резултатот кој го забележа на Дакар 2014. Тој со својот мотоцикл измина речиси 9000 километри за 54 часа 50 минути и 53 секунди. Резултатот кој го забележа Кома на крајот беше скоро за два часа подобар од тој на второпласираниот Виладомс.
Третопласиран на релито беше возачот на Јамаха, Оливие Паин, кој заостана само осум минути зад возачот на КТМ, а беше побрз за 5 минути од својот клубски колега Сирил Деспре кој финишираше на четвртата позиција.
Во генералниот пласман, зад двата мотора на КТМ се најдоа две Јамахи па потоа Хонда, иако Хонда имаше големи надежи дека годинава ќе успее да се замеша во освојување на тронот со својот нов Honda CRF450 RALLY и возачот Жоан Бареда.
|