TomTom ја претстави новата верзија на Rider GPS системот за мотоциклисти.  Новиот модел има многу нови функции, па ќе ви овозможи да пронајдете и добри патишта за возење.

01-tomtom-rider-topshot

TomTom ја претстави новата верзија на Rider GPS системот за мотоциклисти.  Новиот модел има многу нови функции, па ќе ви овозможи да пронајдете и добри патишта за возење.

The Rider, има 4.3 инчен екран на допир и е конструиран да работи во сите временски услови, вклучувајќи дожд или силна сончева светлина. Насоките можат да му се дадат преку Bluetooth, дозволувајќи му на возачот на се фокусира на патот. Исто така има и нов приклучок кој ќе овозможи да се пали или гаси заедно со моторот.

Некои од клучните карактеристики се:  Бесплатни мапи, можност за споделување на мапи и точки на интерес. Winding Roads е опција која ви кажува кој пат до вашата крајна дестинација има најмногу свиоци. Со купувањето на овој уред добивате бесплатни мапи и можност за четири или повеќе надградби годишно. Корисниците ќе може да споделуваат мапи преку Bluetooth или да превземаат мапи од страницата која се ажурира секојдневно. Уредот има и точки од интерес во кој се вклучени ресторани, хотели и бензински пумпи. IQ routes е интересен додаток кој користи вистинско време на патување од милиони корисници и кој кажува колку реално време ви е потребно за да стигнете до вашата дестинација.

Додатоци како што се уредот за спречување на кражба или приклучокот за мотор исто така се достапни. Новиот TomTom Rider ќе биде достапен во продажба наскоро и ќе чини 299$.

Back To Top