Џејмс од MCN помина 7000 километри на Metzeler Roadtec 01 пневматиците и еве што имаше да каже за нив.

Што е добро?

Кога одлучив да ги тестирам овие пневматици, барав нешто што ќе одговара за сите услови. Слушнав добри работи за Metzeler Roadtec 01 и морам да признаам дека бев изненаден од тоа колку се добри. Многу малку време им е потребно да се загреат и даваат одлични повратни информации без разлика на тоа на каков мотоцикл ги возите. Одлични се за влажни и ладни услови, а исто така се добри и доколку ги возите на тркачка патека.

Ги испробав на две различни машини и секој пат одлично се совпаѓаа со суспензијата. Можам да кажам дека се речиси совршени.

metzeler roadtec

Што не е добро?

Со оглед на тоа дека се спортско-туринг пневматици, сигурно очекувате дека со нив ќе поминете голема километража. Сепак, јас успеав да ги потрошам после поминати 6500 километри. Голем дел, откако ќе ја слушнат оваа информација можеби ќе се предомислат, но сепак јас мислам дека ова е мала цена која треба да се плати доколку саакате да возите со одличи пневматици.

Повеќе информации за пневматиците и цената на чинење во Македонија можете да добиете во Скај Мото.

Квалитет 5/5

Вредност 4/5

Извор: motorcyclenews.com

Back To Top