Претставени минатата недела, новите пневматици на Continental, RoadAttack 3, се најновиот додаток на исклучително важниот спортско-туринг сектор кај пневматиците. Направени врз основа на RoadAttack 2 Evo, од компанијата тврдат дека новите пневматици се подобри на влажни услови во споредба со нивниот претходник.

Претставени минатата недела, новите пневматици на Continental, RoadAttack 3, се најновиот додаток на исклучително важниот спортско-туринг сектор кај пневматиците. Направени врз основа на RoadAttack 2 Evo, од компанијата тврдат дека новите пневматици се подобри на влажни услови во споредба со нивниот претходник.

webactionconti

Од Continental велат дека ова е постигнато со помош на новата шара која ја изработи компанијата. Новите пневматици имаат странични канали преку кои ја отстрануваат водата од површината а поширокиот централен сектор го подобрува забрзувањето. Од компанијата исто така велат и дека е подобрено време потребно за загревање благодарение на силикатот кој е додаден во составот на гумата. Сите овие нови додатоци се клуч за она што во Continental го викаат „Grip Limit Feedback“ кој пак е дизајниран да му овозможи на возачот подобро чувство на мотоциклот.

Ги пробавме новите пневматици на суви и влажни услови во Мајорка, а патиштата таму ни понудија одлична можност за тестирање. Опремени на Ducati Mustistrada 1200 S 2016, пневматиците ни обезбедија одлично чувство и самодоверба уште од самиот старт.

ra3За време на производството на пневматиците од компанијата не ставаат никаков дополнителен агенс на гумите. Овој процес го нарекуваат  „Traction Skin“, што во превод би значел дека не треба да помине одреден период пред да се отстрани лизгавиот агенс кој се наоѓа на површината на пневматиците што ги прави исклучително безбедни уште од самиот старт.

Откако ќе се загреат, RoadAttack 3 се одлични. Обезбедуваат фантастична стабилност и го покажуваат фантастичниот спортски потенцијал. Стабилноста на задното тркало исто така е добра. Единствен пат кога загубив контрола на задното тркало беше кога ја исклучив контролата на тракцијата но дури и тогаш не беше премногу опасно. Предното тркало имаше беспрекорна стабилност дури и на погруба површина.

RoadAttack 3 со сигурност го има истиот квалитет како и другите пневматици од овој сегмент кои можат да се најдат на пазарот. Continental долго време се обидуваше да ги стигне другите производители и се чини дека со RoadAttack 3 успеаа да се пробијат речиси до врвот. 

Пневматиците ги има во различни големини вклучувајќи и специјален GT модел за потешките мотоцикли. Предна гума: 110/70/17, 120/60/17, 120/70/17, 120/70/17 GT, 100/90/18, 110/80/18, 120/70/18, 110/80/19, 120/70/19

Задна гума: 130/80/17, 150/70/17, 150/70/17, 160/60/17, 170/60/17, 170/60/17, 180/55/17, 180/55/17 GT, 190/50/17, 190/50/17 GT, 190/55/17, 190/55/17 GT, 130/80/18, 160/60/18

Увозник на Континентал за Македонија е Скај Мото.

Back To Top