Подгответе се за уште една доза на висока технологија бидејќи BMW Motorad го претстави K1600GTL концептот на CES. Тој е опремен со ласерски светла.  Сигурно тоа ви звучи познато, пред две години ние напишавме дека BMW има намера да ја развие ласерската технологија кај мотоциклите.

Овие светла веќе се дел од новите автомобили и може да се најдат кај сериите BMW 7 и 8. Поради тоа сосема е природно тие да се имплементираат и во останатите Motorrad производи, дури и ако тие во овој момент се само концепт.

Ласерската технологија на BMW во овој момент е премногу скапа и засега ќе треба да почекаме додека таа да стане подостапна. Но сепак, процесот е веќе почнат и само прашање на време е кога тие ќе станат стандарден дел од оваа индустрија.

Споредба на светлата

bmw motorrad shows the laser headlights for bikes photo gallery 2

bmw motorrad shows the laser headlights for bikes photo gallery 1

Долгите светла на BMW го прават ноќното возење по безбедно

Овие светла се многу подобри од стандардните. Тие може да достигнат должина од 600 метри, речиси двојно од моменталните светла.

Чистото бело светло може да се насочи многу внимателно за да не им пречи на останатите возачи. Од  BMW исто така велат дека на овие светла не им треба никакво посебно оддржување и дека долго траат, а трошат малку енергија.

Светлото е генерирано преку проектирање на ласерски зрак на површина која е прекриена со флуоресцентно фосфорно соединение кое што пак емитува јака светлина.  Моделите кои ги има кај автомобилите се десет пати полесни од останатите светла.  Тоа значи и дека мотоциклите кои ќе имаат вакви светла, ќе добијат извесно олеснување.

Од BMW не изјавија кога овие светла ќе станат составен дел од мотоциклите но се очекува наскоро да ги видиме на некој од нивните модели.

Back To Top