- Банерот е успешно зачуван
- Напишано од: Motori.com.mk
Андреа Довициозо смета дека Маверик Вињалес е главниот возач кој треба да го победи доколку сака да го освои првото место на трката во Лосаил.
Андреа Довициозо смета дека Маверик Вињалес е главниот возач кој треба да го победи доколку сака да го освои првото место на трката во Лосаил.
На тестот во Катар Ducati го претстави најрадикалниот од новата генерација на MotoGP додатоџи. Техничкиот директор на MotoGP, Дени Олдриџ е единственото лице кое одлучува како може да изгледаат новите додатоци.
Марк Маркез вели дека не знае каков ќе биде настапот на Хорхе Лоренцо во новата сезона и не е сигурен дали Ducati ќе може да се приклучи во борбата за титулата.
Радикалните нови додатоци на Ducati кои беа претставени за време на тест викендот во Катар ни дадoa одговор на една мистерија која долго време ги мачеше новинарите – содржината на кутијата и променетиот издув под седиштето на најновиот Desmosedici.
Валентино Роси постигна значителен напредок на вториот ден од тестовите но во неделата неговата среќа се промени и денот го заврши на единаесетото место. И покрај тоа што се мачеше за време на тестот, деветкратниот шампион сепак гледа потенцијал пред се поради настапот на неговиот тимски колега.
Новиот возач на Movistar Yamaha досега има одлични настапи на претсезонските тестови. Сепак, иако помина 60 круга на третиот ден од тестирањето, Шпанецот смета дека се уште има простор за напредок.
Марк Маркез на последниот ден од претсезонските тестови падна три пати. Шпанецот призна дека направил неколку грешки за време на сесијата но сепак вели дека има самодоверба. Маркез го испроба и новиот надворешен додаток на мотоциклот на Honda.
Хорхе Лоренцо имаше добар настап на последниот ден од последниот претсезонски тест. Тој заврши на четвртото место и беше блиску до Дани Педроса (Repsol Honda) и Андреа Довициозо. Петкратниот шампион извозе 53 круга и постигна најдобро време од 1:54:519.
Џек Милер ќе настапи со најновиот мотор на Honda на последниот претсезонски тест со цел тимот да собере што е можно повеќе податоци во пресрет на првата трка од шампионатот.
Ситуацијата во гаражата на фабричкиот тим на Aprilia оваа сезона ќе биде многу поразлична во споредба со минатата сезона, тврди тимскиот шеф Романо Албесиано.
Reale Avintia Ducati во голем стил го претставија новиот мотоцикл и нивниот нов спонзор, Reale, откако со хеликоптер го спуштија на снежната патека во Андора. Веднаш откако го симнаа мотоциклот, Лорис Баз и Емилио Замора, кој е замена за повредениот Хектор Барбера, го испробаа мотоциклот со пневматици за на снег. Баз вели дека е задоволен од чекорите кои ги презема тимот.
„Тоа е единственото нешто што ме болеше бидејќи не бев компетитивен. Едноставно е. Не бев компетитивен и затоа дојде друг возач. Но начинот на кој го направија тоа..“