Иако би било премногу да се очекува ист настап на Францускиот возач, тој вели дека оваа патека му е една од омилените и дека ќе се обиде да ги исправи грешките кои ги направи на минатата трка.

Возачот на Monster Yamaha Tech 3 има за цел да ги поправи грешките кои ги направи на минатата трка во Катар. На трката во Лосаил, двојниот победник во Moto2 шампионатот падна на својата прва трка во премиерната класа, откако претходно, на изненадување на многумина, беше во водство неколку круга.

Иако би било премногу да се очекува ист настап на Францускиот возач, тој вели дека оваа патека му е една од омилените и дека ќе се обиде да ги исправи грешките кои ги направи на минатата трка.

Zarco

„Ова ќе биде моја втора MotoGP трка и со нетрпение чекам да видам што можеме да постигнеме. Ми се допаѓа патеката и ова ќе биде четврта година како се натпреваруваме тука. Во минатото имам постигнато добри резултати на оваа патека, две победи, најбрз круг и пол позиција.“

„Патеката е интересна, брза и едноставна. Токму од таа причина и ми се допаѓа да возам тука. После добриот старт во Катар, сакам да го задржам истотото темпо и се надевам дека на претстојната трка ќе постигнам добар резултат. Имам голема мотивација но да видиме што ќе се случи.“

И неговиот тимски колега Јонас Фолгер размислува слично.

„Со нетрпение ја очекувам трката во Агрентина бидејќи таа ми е една од омилените. Подлогата е сосема поинаква од Катар. Сигурен сум дека ќе постигнеме добар резултат. Мојата цел е да постигнам подобар резултат од минатата трка. Сигурен сум дека ќе бидам подобар и решен сум да им покажам на луѓето дека можам да постигнам добар резултат. “ 

Back To Top