thumb_test-sepang-2012-1-16Вториот ден од тестирањето на патеката Сепанг во Малезија му припадна на Кејси Стонер. Тестирањето започна во 10 часот по локално време, а заврши во 18. На патеката се појавија сите 12 возачи од стандардните тимови плус возачите на Forward Racing и BQR „CRT“ тимовите.

test-sepang-2012-1-16

Вториот ден од тестирањето на патеката Сепанг во Малезија му припадна на Кејси Стонер. Првично беше објавено дека Бен Спиз е човекот кој оствари најдобро време од неверојатни 1:58.150 но потоа времето беше корегирано и Спиз се најде на втората позиција. Тестирањето започна во 10 часот по локално време, а заврши во 18. На патеката се појавија сите 12 возачи од стандардните тимови плус возачите на Forward Racing и BQR „CRT“ тимовите со што бројката на учесници се искачи до 18.

Во однос на вчерашниот ден скоро сите возачи ги подобрија своите времиња, Кејси Стонер денеска настапи на тестот откако вчера беше приморан да го преседи денот надвор од патеката заради проблеми со грбот. Денеска пак Ники Хејден порано го заврши тестирањето со цел побрзо да заздраве од повредата со која се здоби во зимскиот подготвителен период.

lorenzo-den2

Утре ќе се одржи последното тестирање од овој циклус, вториот зимски тест ќе се одржи на истата патека од 28-ми Февруари до 1-ви Март, а последниот зимски тест е закажан за 23-ти до 25-ти Март на патеката Херез во Шпанија. Сезоната започнува на 8-ми Април со првата трка која ќе се вози на патеката Лосаил во Катар.

stoner-den2

На денешниот втор ден од тестирањето во Сепанг беа постигнати следните резултати:

ПозВозачВремеРазликаРазлика од #1Круга
1 Casey Stoner 2:00.895 - - 29
2 Ben Spies 2:01.052 +0.157 +0.157 37
3 Jorge Lorenzo 2:01.068 +0.016 +0.173 40
4 Dani Pedrosa 2:01.508 +0.440 +0.613 35
5 Cal Crutchlow 2:01.565 +0.057 +0.670 42
6 Hector Barbera 2:01.788 +0.223 +0.893 50
7 Valentino Rossi 2:01.886 +0.098 +0.991 44
8 Alvaro Bautista 2:01.933 +0.047 +1.038 46
9 Andrea Dovizioso 2:02.160 +0.227 +1.265 42
10 Nicky Hayden 2:02.354 +0.194 +1.459 41
11 Stefan Bradl 2:02.414 +0.060 +1.519 41
12 Karel Abraham 2:02.598 +0.184 +1.703 66
13 Katsuyuki Nakasuga 2:02.941 +0.343 +2.046 40
14 Franco Battaini 2:04.311 +1.370 +3.416 38
15 Colin Edwards 2:05.603 +1.292 +4.708 37
16 Ivan Silva 2:10.297 +4.694 +9.402 16
17 Jordi Torres 2:11.893 +1.596 +10.998 2
18 Robertino Pietri 2:12.546 +0.653 +11.651 5
Back To Top