MotoGP

Во Ducati од почетокот знаеле дека Лоренцо ќе почне да победува

Тимскиот менаџер Давиде Тардози вели дека тимот отсекогаш знаел дека новиот возач на Honda, Хорхе Лоренцо, во одреден момент ќе почне да победува

Следете нè на:

 

Лоренцо имаше проблематична прва година во тимот на Ducati. После тешкиот почеток на сезоната 2018, дојде до заладување на односите меѓу двете страни, а Шпанецот одлучи да потпише договор со Honda. Но, на претпоследната трка, Лоренцо имаше добар настап на патеката во Муџело и ја постигна својата прва победа во тимот. Покрај тоа, тој победи и на трката која се возеше во Барселона. Тардози вели дека тимот никогаш не се откажал од Лоренцо и потврди дека тие секогаш верувале во него.

Podium Jorge Lorenzo Ducati Team 770x433

„Во текот на минатата година, а исто така и оваа, неколку пати повторив дека веруваме во него и дека сме сигурни дека ќе постигне добар резултат бидејќи тој никогаш не се откажува,“ изјави Тардози. „Дури и во трките каде што имаше лош настап, како на пример трката во Ле Ман минатата година, после десет минути дојде во гаражата и заедно со механичарите се обидуваше да го открие проблемот.“

Извршниот директор на тимот, Клаудио Доменикали вели дека наместо разочарување што Лоренцо си заминува од тимот, среќен е бидејќи конечно е решен проблемот.

„Таков е животот. Јас сум тип на човек кој секогаш гледа на позитивните работи,“ изјави Доменикали. „Позитивно е што решивме еден проблем и ќе беше трагично доколку си заминеше од тимот без да постигне победа. Исто така среќен сум и поради начинот на кој што успеавме да го решиме проблемот. Сега ќе можеме да уживаме во трките.“

Лоренцо пак вели дека пред два месеци, не ни помислувал дека ќе успее да постигне две победи по ред.

„Пред два месеци, сето ова се чинеше невозможно. И сега тоа заврши. Ние луѓето, многу лесно се навикнуваме на добри работи. Не можам да кажам дека не сум навистина, навистина среќен поради двете победи по ред кои ги постигнав за Ducati.“

Лоренцо призна дека се оправдани критиките кои беа упатени кон него, но вели дека се надева дека луѓето ќе се сетат на успехот кој го има постигнато во минатото и следниот пат кога ќе му се случи нешто вакво.

„Нивната реакција е природна. Веруваме во сегашноста и кога сегашноста е лоша, зборуваме предвреме, нели? Треба повеќе да се сетат на минатото и на сите оние години кои бев дел од светскиот шампионат. 16 години сум тука. Се  надевам дека и следниот пат кога ќе ми се случи вакво нешто, луѓето ќе се сетат на добрите моменти.“

Би можело да ве интересира

По две успешни организации на големиот хуманитарен настан „Distinguished Gentleman’s Ride”, Скопје и оваа година ќе биде дел од истиот.

Станува збор за програма за изнајмување на мотоцикли која ќе биде достапна на сите продажни места на BMW.

„Можеби некои од шефовите во Yamaha ќе го погледнат бројот на порази и ќе прашаат зошто е тоа така“, Валентино Роси

Крајот на сезоната е одлична можност да се опремите со нова кацига по навистина поволна цена.

Марк Маркез се доближи еден чекор поблиску до освојување на титулата откако имаше импресивен настап пред домашната публика на трката која се возеше во Арагон.

Марк ми ја уништи трката, ми ја повреди ногата. Знае дека погреши! - Хорхе Лоренцо

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.