Роси се обидува да се врати на Арагон, доколку успее ќе загуби бодови од само една трка и ќе остане во борбата за шампионатот.

Од несреќата која му се случи за време на тренингот на 31-ви август, Валентино Роси работи напорно со цел што побрзо да се опорави од двојната фрактура на десната нога. Деветкратниот шампион ја тестираше неговата подготвеност за настап откако успешно извозе неколку кругови на патеката во Мисано.

46 valentino rossi italg5 3826.big

Бидејќи денешната сесија беше прекината поради дождот, евалуацијата на неговата состојба не беше целосна. Поради тоа, до среда, 20-ти септември, Роси ќе одлучи дали ќе биде способен да настапи на трката која ќе се вози во Арагон во недела.

Back To Top