Yamaha и Tech3 објавија дека 2018 ќе биде последна година за нив како партнери во MotoGP Светскиот Шампионат
После 20 години успешно партнерство, Tech3 ја информираше Yamaha дека ќе ја прекинат соработката со нив по завршувањето на сезоната 2018. Yamaha ја прифати ваквата одлука и соопшти дека ќе им дава безрезервна поддршка се до завршувањето на сезоната. Tech3 планира да остане дел од трките, а повеќе информации како и плановите за 2019 ќе бидат објавени подоцна во текот на годината. Yamaha исто така се уште нема одлучено дали ќе има сателитски тим во 2019 година и со кого планираат да соработуваат.
Коуичи Цуи – генерален менаџер на одделот за развој на мотоцикли
Неодамна, Ерв Поншарал, сопственикот на Tech3 не информираше дека одлучил да не го продолжува договорот со Yamaha за изнајмување на YZR-M1 мотоциклите. После разговорите со него, стана јасно дека за следните сезони одбрал да има нов партнер. Мораме да го почитуваме неговото мислење и ја прифаќаме ваквата одлука.
Секогаш е тажно кога се прекинува едно вакво успешно партнерство. Благодарни сме му поради досегашната лојалност и поддршка како и поради одлични резултати кои ги имаме постигнато низ целиот овој заеднички период.
Ќе продолжиме да им даваме поддршка на Tech3 тимот како и нивните возачи во текот на целата сезона. Во исто време ќе ги разгледаме и опциите за сезоната 2019.
Ерв Поншарал – сопственик на Monster Yamaha Tech3
Многу тешка работа е да се сумира 20 годишната соработка меѓу Tech3 и Yamaha во неколку зборови. Уште откако за прв пат го сретнав господинот Лио во 1998 година, кога ми даде можност да и се приклучам на Yamaha Motor корпорацијата, нашиот досегашен пат беше неверојатен. Имам фантастични спомени, одлични резултати како и прекрасната атмосфера, сето ова го делевме заедно со фамилијата Yamaha. Секако, да се прекине една ваква соработка е навистина тешка одлука која морав да ја донесам. Сакам да им кажам едно големо благодарам на Yamaha како и на сите кои се дел од тимот и кои не поддржуваа изминативе години.
Tech3 е мала компанија. Мораме да мислиме на иднината и да ги разгледаме сите опции. Ни понудија договор кој морам да признаам дека го чекавме уште откако ја формиравме компанијата и не можев да го одбијам. Секако дека ние ќе останеме Monster Yamaha се до последната трка во Валенсија. Јоан Зарко и Хафиз Суахрин ќе се борат за освојување на што е можно повеќе поени и Yamaha може да смета на нас дека ќе покажеме добри перформанси.
Уште еднаш сакам да им се заблагодараам на сите во Yamaha за поддршката. Се надевам дека ќе продолжат во ист стил и ќе постигнуваат успеси и во иднина бидејќи знам дека го заслужуваат тоа.
Досегашниот успех на Tech3: |