Иако Хорхе Лоренцо беше блиску до остварување на својата прва победа во тимот на Ducati, а Андреа Довициозо се наоѓа на второто место на табелата, и двајцата возачи се свесни за проблемите со кои се соочуваат со GP17.

Но тимскиот шеф на Ducati и поранешен победник на трка од WSB шампионатот, Давиде Тардози, верува дека се блиску до конечно решение на проблемите. Делумно одговорен за тоа е и тест возачот на тимот и поранешен светски шампион, Кејси Стонер.

671472

Стонер минатата недела на патеката во Валенсија го имаше последниот тест со GP18 машината која за прв пат ќе дебитира после трката во Шпанија која ќе се оддржи во ноември. Тардози вели дека податоците кои ги добиле после тестот се навистина позитивни.

„Кејси беше прилично јасен кој правец треба да го следиме. Сега е ред на Џиџи и на инжињерите на дело да ги спроведат информациите кои ги добивме. Тој ги поддржува сите идеи и сугестии и како и секогаш беше импресивен.“

„Потврди некои од работите кои Хорхе и Довициозо ги открија во текот на сезоната и ни даде некои насоки како да се подобриме, пред се при влегувањето во свиок.“

Back To Top