Денеска Тајланд и официјално ќе стане дел од MotoGP календарот за сезоната 2018.

Денеска Тајланд и официјално ќе стане дел од MotoGP календарот за сезоната 2018. Долгоочекуваниот настан ќе се оддржи во Бурирам, патеката која ќе биде домаќин на трките во светскиот супербајк шампионат од 2018 до 2020 година. Во моментов се уште не е познато кога ќе се вози трката во MotoGP но се претпоставува дека ќе биде во истиот период кога се возат и другите трки во Азија. Тајландските медиуми пак шпекулираат дека трката ќе се оддржи од 5ти до 7ми октомври.

Buriram17.c33ff473fbffb9f20a7dbd9d01125437

Во февруари, наместо на Филип Ајленд, официјален претсезонски тест ќе се оддржи на Тајланд, а оваа трка ќе биде единствениот нов настан кој ќе биде додаден на календарот за следната сезона. Трката во Финска е закажана за 2019 година.

Back To Top