MotoGP

Suter останува во Moto2

Одлуката да се врати во Moto2 серијата само пет дена откако решија да ја напуштат, во интервју за германската интернет страна „Speedweek“ го објасни основачот на компанијата Ескил Сутер.

Следете нè на:

 

Пет дена откако објавија дека нема да бидат дел од Moto2 шампионатот во сезоната 2018, Forward Racing повторно ги враќа назад. Денеска од тимот Forward Racing објавија дека потпишале договор и дека следната сезона ќе настапуваат со Suter шасија. Договорот беше склучен откако за време на тестот во Херез кој се оддржа пред две недели, тимот ги тестираше шасиите на Suter и Kalex. Гранадо и Манзи беа брзи со шасијата на Suter, а откако се соочија со проблеми со доставата со Kalem и КТМ, беше донесена одлука да се продолжи со Suter.

Но за ова беше потребно мало убедување бидејќи беше потребно да се промени мислењето на Suter. После разговорот меѓу директорите на двете компании беше одлучено Suter да се врати во серијата.

suter shasija

Одлуката да се врати во Moto2 серијата само пет дена откако решија да ја напуштат, во интервју за германската интернет страна „Speedweek“ го објасни основачот на компанијата Ескил Сутер.

Одлуката не била исправна, призна Сутер но сепак напомена дека видел поголеми можности за 2019 година и понатаму, кога Triumph ќе го преземе снабдувањето со Moto2 мотори. Неговите планови се да ги искористи Гранадо и Манзи, двајца млади но искусни Moto 2 возачи за да помогнат во развојот на шасијата.

Но Forward  можеби нема да биде единствениот тим кој ќе биде снабдуван од страна на Suter. Постојат можности истото да го направи и Kiefer Racing но само доколку успеат да обезбедат финансиски средства.

Kiefer за кого настапуваат Доминик Агертер и Сандро Кортесе е во преговори за шасија со КТМ но работите би можеле да се променат. Ова би било добра вест за Suter бидејќи Агетер се покажа навистина компетитивен минатата сезона.

Договорот исто така е од големо значење и за останувањето на Forward Racing во серијата. Проблемот со снабдување со Kalex пред се се должеше на репутацијата која ја има сопственикот на тимот, Џовани Кузари.

Назначувањето на нов тимски менаџер, Милена Коернер помогна во подобрување на ситуацијата но сепак е потребно време за работите повторно да се вратат на свое место.

Но Forward не е единствениот тим кој е познат по тоа што доцни со исплатата. Таквите работи се навистина чести особено кај Moto 2 и Moto 3 тимовите кои работат со прилично ограничен буџет.

Би можело да ве интересира

Нашиот возач Христијан Бузалковски беше повикан од страна на српски тим и понудата секако беше прифатена. Воедно,трката се вози 4 часа, а овој пат ќе имаме директен пренос на каналот Спорт Клуб 3! Во продолжение ја пренесуваме и изјавата на Бузо за мотори.ком.мк

Мото клубот Конзули од Битола својот 8-ми мото собир ќе го организира на 11-ти август со почеток од 17 часот во ноќниот клуб Парадизо во Битола.

Автономното сопирање не е некоја новост во транспортната индустрија. Веќе неколку години автомобилите се опремени со вакви системи. Но во однос на безбедносната технологија, мотоциклите малку заостануваат.

Piaggio објави нова верзија на MP3 со значителни подобрувања на моделот 500 како и целосно нов модел 350.

Само што слушнавме една информација од Harley-Davidson која веруваме дека ќе сакате да ја знаете. Веќе подолг период има гласини дека компанијата со седиште во Милвоки планира да објави нешто поврзано со нејзината иднина.

На новиот модел алгоритмите на KTM, со помош на компјутер ги корегираат грешките на возачот. Само притиснете на сопирачките и мотоциклот ќе застане. Но што доколку возачот го фати паника и премногу силно притисне на предната сопирачка кога е веќе внатре во свиокот? Мотоциклот ќе се исправи и ќе застане.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!