Габриеле Дел Торкио, шефот на Дукати тимот во МотоГП шампионатот, на денешната прес конференција на „Wrooom“ настанот изјави дека оваа година очекува повеќе од Ники Хејден.

del-torcio

Габриеле Дел Торкио, шефот на Дукати тимот во МотоГП шампионатот, на денешната прес конференција на „Wrooom“ настанот изјави дека оваа година очекува повеќе од Ники Хејден.

Откако Ауди го купи италијанскиот тим, а Валентино Роси си замина без да ги исполни очекувањата, сите во Дукати се зафатени со реорганизацијата и фокусот кон подобри резултати. Според зборовите на Дел Торкио, Дукати ќе очекува многу повеќе од своите возачи во 2013, притоа покажувајќи го прстот кон Ники Хејден.

„Досега во трките работите не одеа онака како што посакувавме, па сите страдавме заради тоа. Сега правиме реорганизација на тимот, вклучувајќи го новиот генерален менаџер Бернард Гобмаер на местото од Филипо Прециоси. Нему можам да му се заблагодарам за изминатите години (12), а би сакал да му посакам добредојде на новиот проектен директор за МотоГП, Паоло Чијабати. Во улога на тимски директор останува Виторио Гуареши.“

„Во тимот сме задоволни од продолжувањето на договорот со Ники Хејден, но морам да кажам дека очекуваме повеќе од него оваа сезона. Секако сакам да му посакам добредојде и на Андреа Довициозо. Годинава ги зајакнавме односите со Прамак тимот кој сега ќе биде директно под наша закрила, а за кого ќе настапат Бен Спиз и Андреа Ианон.“

Back To Top