Валентино Роси заминува на првата од единаесетте трки по ред во Европа како лидер во MotoGP шампионатот

Валентино Роси вели дека не ни помислил дека ќе биде лидер во шампионатот во пресрет на трките кои ќе се оддржат на Европско тло. Пред почетокот на трката која ќе се оддржи во Херез, Шпанија, Италијанецот има шест поени предност во однос на тимскиот колега Маверик Вињалес.

Роси, кој заврши на второто место на трката во Остин, вели дека со нетрпение ги очекува Европските трки.

rosi vodecki

„Никогаш не помислив дека на патеката во Херез ќе пристигнам како лидер во шампионатот. Среќен сум бидејќи успеавме да решиме некои проблеми со кои се соочувавме за време на зимските тестови,“ изјави Роси.

„Но секако, се уште не очекува многу работа околу мотоциклот. Викендот во Херез ќе биде многу значаен. Ова е прва Европска трка во сезоната и многу ми се допаѓа патеката. Постигнавме напредок во Остин и сега е важно да продолжиме по истиот правец.“

Возачите на Yamaha овој викенд ќе настапат во специјално дизајнирана облека која го симболизира долгогодишното партнерство меѓу Yamaha и  JXTG Nippon Oil & Energy, кое започна во 2012 година.

На долниот дел од мотоциклот ќе има посебна ENEOS ознака, а нејзините бои ќе бидат слични со боите кои Роси ги претстави за време на Гран При трката во Малезија минатата година. Целта на ова е да се даде посебно признание на фабриката за лубриканти која е долгогодишен партнер на тимот.

Back To Top