Италијанскиот весник Gazzetta Dello Sport успеа да направи интервју со најпопуларниот италијански возач Валентино Роси кој е во Индонезија на турнејата со тимот на Јамаха.

rossi-yamaha

Италијанскиот весник Gazzetta Dello Sport успеа да направи интервју со најпопуларниот италијански возач Валентино Роси кој е во Индонезија на турнејата со тимот на Јамаха.

Во интервјуто Роси се претстави како позрела личност и побара прошка после двете неуспешни сезони со Дукати. Но и покрај неговата возраст (тој ќе полни 34 години следниот месец) – што може да се толкува како негативен фактор, Роси верува дека ќе биде подготвен за почетокот на сезоната.

Еве неколку извадоци од интервјуто:

Роси, како се разбуди на први Јануари?

Ослободен? (се смее) Не, сериозно првиот ден од годината е секогаш посебен...  Можам да кажам возбуден.

Мислење за Роси како возач?

Се наоѓам на одредена возраст, но се чувствувам добро, мотивиран и желен за натпреварување. Знам дека ќе биде тешко после две неуспешни сезони, но јас сум спремен. Со Yamaha ќе бидам подобар.

Дали на тебе и на твојот тим ќе ви треба време за прилагодување?

Нив ќе им биде полесно. Мене ќе ми треба повеќе време.

Каква очекуваш да биде Јамахата?

Кога тестирав на крајот на сезоната, веднаш се чувствував убаво. Многу е подобрена во забрзувањето. Моторот е сега 1000, но може да го почувствувате напредокот. Ќе биде тешко, Хонда е мотивирана и на последната трка беше силна, но М1 е конкурентен.

Валентино Роси, 33, Хорхе Лоренцо,25. Лоренцо е непријатен тимски колега. Дали е подобро што се знаете еден со друг или би сакале нов тимски колега кој е помалку проблематичен?

Подобро е што се знаеме. И двајцата сме постари сега и знаеме што да очекуваме. Тој има непријатен тимски колега, но исто имам и јас. Дури и ако имавме проблеми минатиот пат, секогаш победувавме.

Сега кога тој е експерт како ќе можеш да го победиш?

Ќе биде тешко.  Негова најсилна страна е тоа што ги разбира позитивните аспекти на моторот. Тој го вози најдобро моторот. Ќе морам да почнам полека и да си го подготвам моторот, мојот тим мора да биде подготвен, и ќе морам да се искачам на подиумот. Ќе биде потребно време за да го победам Лоренцо: на почетокот тој ќе биде побрз.

Можеш ли да ни кажеш што навистина се случи во Дукати?

Не бевме во можност да го прилагодиме моторот на мојот стил на возење и јас неможев да се прилагодам на моторот.

А односот со инжињерот Прециоси- од љубов до заладување?

Жал ми е поради тоа што се случи, и за мене и за него, но повеќе за него. MotoGP проектот беше најважен. Добро се сложувавме.  Проблем беа резултатите. Би отишол на вечера со Филипо. Жал ми е што беше отстранет.  Во овие случаи некој мораше да замине. Двајцата бевме отпуштени.

Имаше зборување за неодговорени барања,за скршени ветувања за промени...

Филипо дојде кај мене велејќи дека тие би биле подготвени да го променат Дукати според моите укажувања, да се направи моторот поконкурентен и полесен за возење. Но во нивните глави идејата беше, ако моторот го вози Вале кој прави помалку грешки од Стонер, тогаш ќе можеме да победиме на тој начин. Тоа не успеа.

Ти, но уште повеќе твојот тимски шеф Бургес го обвини Дукати дека не работи доволно, што не беше фер со оглед на бројот на материјалите што ги произведуваа.

Точно така. Не беше вистина дека не работиме. Проблемот беше што не бевме во можност да ги решиме првичните проблеми.

Каков мотор остави?

Оставив мотор кој што беше тежок да се однесе до крајната граница, никогаш не ти даваше чувство дека е под контрола. Но тие имаат добри возачи и можат да направат добри резултати. Ќе видиме што ќе превземе Ауди за да го направи моторот подобар.

Ќе биде ли тешко да се одржи чекорот со фаворитите?

Ќе биде тешко да бидам брз како Пердоса или Хорхе, не само еднаш туку постојано. Ќе морам многу да работам. Не го знам мојот потенцијал. Со М1 ќе бидам конкурентен, но за кое место? Четврто место, место на подиумот или победа? Незнам.

Подобро втор позади Хорхе или трет позади двете Хонди?

Втор, позади Хорхе.

Доколку не победиш на GP трка, дали тоа ќе биде големо разочарување за тебе?

Да. Целта е победа што не сум ја имал уште од 2010 година. Дури и ако не победам, а сум на подиумот секоја недела ќе биде во ред. Но победа ја менува целата игра.

Позиција на крајот на шампионатот?

Тешко е да се каже. Би сакал да имам многу подиуми.. најмалку десет и да завршам меѓу првите тројца.

Каде се гледаш себеси во Катар?

На подиумот.  Дури и ако не сум конкурентен против Лоренцо и Педроса, сигурно не сум многу далеку. А треба да видиме и што ќе направи Маркез.

Back To Top