Викендов на патеката Мотеги во Јапонија ќе се одржи 16-та трка од МотоГП шампионатот.

Земјата од која доаѓаат три производители во МотоГП со право може да се нарече моторџиска, со самото тоа Твин Ринг Мотеги претставува трка која треба да ја ставите во листата на работи кои морате да ги посетите барем еднаш во животот.

motegi gp

Трките на Мотеги се оддржуваат од 1999 година, а во Јапонија Гранд При трките се присутни од далечната 1963 кога се возеле на популарната Сузука.

Патеката со должина од 4800 метри има ширина од 15 метри, а составена е од 14 свиоци од кои 6 се леви, а 8 десни. Најдолгиот правец изнесува 762 метри, рекордот на патеката кој изнесува 1'45.350 е во сопственост на Хорхе Лоренцо кој за жал заради повредата на раката го откажа настапот во Јапонија. Најголемата брзина забележана на Мотеги изнесува 314 км/ч.

Возбудувањата во Јапонија ќе се одвиваат по следниот распоред:

Петок | СпортКлуб 3
06:10 МотоГП Јапонија: MOTO 3 – ТРЕНИНГ 2
07:05 МотоГП Јапонија: MOTO GP – ТРЕНИНГ 2
08:05 МотоГП Јапонија: MOTO 2 – ТРЕНИНГ 2
Сабота | СпортКлуб 3
02:00 МотоГП Јапонија: MOTO 3 – ТРЕНИНГ 3
02:55 МотоГП Јапонија: MOTO GP – ТРЕНИНГ 3
03:55 МотоГП Јапонија: MOTO 2 – ТРЕНИНГ 3
05:35 МотоГП Јапонија: MOTO 3 – КВАЛИФИКАЦИИ
06:30 МотоГП Јапонија: MOTO GP – ТРЕНИНГ 4
07:10 МотоГП Јапонија: MOTO GP – КВАЛИФИКАЦИИ
08:05 МотоГП Јапонија: MOTO 2 – КВАЛИФИКАЦИИ
Недела | СпортКлуб 3
01:40 МотоГП Јапонија: MOTO 3 – WARM UP
02:10 МотоГП Јапонија: MOTO 2 – WARM UP
02:40 МотоГП Јапонија: MOTO GP – WARM UP
СпортКлуб 1
04:00 МотоГП Јапонија: MOTO 3 – ТРКА
05:20 МотоГП Јапонија: MOTO 2 – ТРКА
07:00 МотоГП Јапонија: MOTO GP – ТРКА
Back To Top