MotoGP

Распоред за следење на МотоГП Германија

9-та рунда од МотоГП шампионатот викендов не води на патеката Захсенринг во Германија.

Следете нè на:

 

Патеката со должина од 3,7 километри е изградена во 1996 година, откако претходните трки (кои датираат од 1920-те) се возеле на јавни патишта кои биле затворени за време на трките. На почетокот патеката се користела за тестирања, а првото Гранд При на оваа патека се возело во 1998 година. Во 2001 се направени промени на структурата на патеката, па така сега таа е составена од 13 свиоци, 10 леви и 3 десни. Тесните свиоци ја прават една од најбавните во шампионатот со правец од само 700 метри, сепак акцијата на Захсенринг никогаш не изостанува.

IMGP9434

Во 2017 година Марк Маркез извојува победа, втор беше домашниот Јонас Фолгер, додека пак на третата позиција финишираше Дани Педроса кој денеска го објави повлекувањето од МотоГП по крајот на сезоната. Маркез има забележано и најмногу победи на оваа патека (5), пред Педроса со 4 и Роси со 3. 

Возбудувањата во Кемниц ќе можете да ги следите според следниот распоред:

Петок (13.07.2018) | СпортКлуб 3
09:00 MOTO GP SACHSENRING: MOTO 3 – Тренинг 1
09:55 MOTO GP SACHSENRING: MOTO GP – Тренинг 1
10:55 MOTO GP SACHSENRING: MOTO 2 – Тренинг 1
13:10 MOTO GP SACHSENRING: MOTO 3 – Тренинг 2
14:05 MOTO GP SACHSENRING: MOTO GP – Тренинг 2
15:05 MOTO GP SACHSENRING: MOTO 2 – Тренинг 2

Сабота (14.07.2018) | СпортКлуб 3
09:00 MOTO GP SACHSENRING: MOTO 3 – Тренинг 3
09:55 MOTO GP SACHSENRING: MOTO GP – Тренинг 3
10:55 MOTO GP SACHSENRING: MOTO 2 – Тренинг 3
12:35 MOTO GP SACHSENRING: MOTO 3 – Квалификации
13:30 MOTO GP SACHSENRING: MOTO GP – Тренинг 4
14:10 MOTO GP SACHSENRING: MOTO GP – Квалификации
15:05 MOTO GP SACHSENRING: MOTO 2 – Квалификации
16:30 MOTO GP ROOKIES CUP: SACHSENRING – 1. ТРКА

Недела (15.07.2018) | СпортКлуб 3
08:40 MOTO GP SACHSENRING: MOTO 3 – WARM UP
09:10 MOTO GP SACHSENRING: MOTO 2 – WARM UP
09:40 MOTO GP SACHSENRING: MOTO GP – WARM UP
11:00 MOTO GP SACHSENRING: MOTO 3 – ТРКА
12:20 MOTO GP SACHSENRING: MOTO 2 – ТРКА
14:00 MOTO GP SACHSENRING: MOTO GP – ТРКА
15:30 MOTO GP ROOKIES CUP: SACHSENRING – 2. ТРКА

Би можело да ве интересира

Макпетрол објави голем попуст на целата своја програма, вклучувајќи ги мотоциклите од Хонда, мото опремата и кацигите.

Викендов на патеката Мотеги во Јапонија ќе се одржи 16-та трка од МотоГП шампионатот.

На наш колега моторџија му е потребна помош, да се покажеме во вистинско светло во недела!

Викендов на патеката Орман во Скопје се вози третата и последна трка од шампионатот на Македонија во мотокрос.

Фантастична борба за победата ја одбележа првата трка за ГН на Тајланд која му припадна на Марк Маркез.

Слободно можеме да кажеме дека новите модели кои ги прикажа Ducati за време на Intermot беа помалку резервирани.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.