Викендов на програмата е 8-та трка од МотоГП шампионатот која ќе се вози на патеката Асен во Холандија.
Асен е единствената патека на која се одржуваат МотоГП трки секоја година од своето деби во 1949-та. Се работи за динамичка патека која е тесна и на која не се забележуваат екстремни брзини. Најдолгиот правец изнесува 487 метри, а најголемата забележана брзина изнесува 319.8км/ч. Патеката е составена од 18 свиоци од кои 6 се леви, а 12 десни. Должината на патеката изнесува 4,5км благодарение на реновирањето на просториите и додавањето на нова трибина, по што претходната должина од 6км беше намалена.
Во Холандија не очекува возбудлив МотоГП викенд според следниот распоред:
Петок (23.06.2017) | SportKlub 3 | |
09:00 | Moto3 - Тренинг 1 |
09:55 | MotoGP - Тренинг 1 |
10:55 | Moto2 - Тренинг 1 |
13:10 | Moto3 - Тренинг 2 |
14:05 | MotoGP - Тренинг 2 |
15:05 | Moto2 - Тренинг 2 |
Сабота (24.06.2017) | SportKlub 1 | |
09:00 | Moto3 - Тренинг 3 |
09:55 | MotoGP - Тренинг 3 |
10:55 | Moto2 - Тренинг 3 |
SportKlub 3 | |
12:35 | Moto3 - Квалификации |
13:30 | MotoGP - Тренинг 4 |
14:10 | MotoGP - Квалификации |
15:05 | Moto2 - Квалификации |
Недела (25.06.2017) | SportKlub 1 | |
11:00 | Moto3 - Трка |
13:00 | MotoGP - Трка |
SportKlub 3 | |
14:30 | Moto2 - Трка |
За оние кои немаат СпортКлуб во својата ТВ понуда, стриминг е достапен на: http://www.sportingvideo.org/20170622/vv594bfb976af9f1.76220779-1723100.html