Шефот на Monster Yamaha Tech 3, Ерв Поншарал вели дека со нетрпение го чека враќањето на трките во Европа. 

После три трки од почетокот на сезоната и добрите резултати кои ги постигна тимот, Поншарал вели дека екипата е подготвена за следниот предизвик.

„Имавме неколку дена за да се одмориме откако се вративме од САД. Исто така ја организиравме и целата логистика за Европските трки кои се сосема различни од останатите. Тоа ја држеше целата екипа зафатена но сега веќе половина од тимот е на пат за Андалузија.“

712987

„Сите кои се дел од Monster Yamaha Tech 3 со нетрпение чекаат да стигнат таму за да се видат со пријателите кои последен пат ги видоа за време на трката во Валенсија минатата година бидејќи не сите кои се дел од тимот патуваат со нас.“

„Херез е секогаш посебно место пред се поради локацијата, која е навистина неверојатна, како и поради фановите кои навистина го сакаат натпреварувањето. Во моментов сме на добра позиција бидејќи Јохан и Кал имаат исто бодови, а со Хафиз сме лидери и кај дебитантите.“

А со оглед на пласманот кој го имаше Јохан Зарко на оваа патека како и постојаниот напредок на Хафиз Сиахрин, французинот вели дека се надева дека тимот ќе продолжи да остварува добри резултати.

„Имаме одлични спомени од настапот на Јохан тука минатата година. Тој имаше неверојатна трка, неколку круга беше во водство и се бореше со Марк Маркез. Да се надеваме дека ќе можеме да ги повториме истите перформанси и оваа година. Јохан има огромна мотивација да продолжи да вози во ист стил како и претходните трки.“

„Во однос на Хафиз, би го кажал истото. Навистина беше разочаран што не успеа да стигне до поени на трката во Остин. Но можевме да видиме за време на квалификациите, а и пред да падне дека е многу брз. Сигурен сум дека ќе сака и на оваа трка повторно да биде брз и да се бори со останатите дебитанти. Шпанија е посебна трка за него бидејќи тука се наоѓа неговата база. Тука има многу фанови и на некој начин ова е негова втора домашна Гран При трка.“

Back To Top