Анхел Нието почина по сообраќајната несреќа која ја доживеа на Ибица. Нието, кој е освојувач на 12 + 1 шампионски титули, почина во вторникот попладне откако се здоби со сериозни повреди додека возеше мотоцикл со четири тркала на Ибица. 

Анхел Нието почина по сообраќајната несреќа која ја доживеа на Ибица. Нието, кој е освојувач на 12 + 1 шампионски титули, почина во вторникот попладне откако се здоби со сериозни повреди додека возеше мотоцикл со четири тркала на Ибица. Седумдесет годишниот Нието беше во вештачка кома во деновите по инцидентот но неговата состојба нагло се влоши во вторникот.

angel nieto derbi

Шпанецот постигна 90 Гран При победи во поранешните класи од 50cc, 60cc и 125cc во периодот помеѓу 1964 и 1986 година. После победата која ја постигна во класата од 125cc, мотоциклизмот стана еден од водечките спортови во Шпанија. Во својата неверојатна кариера, Нието успеа да освои шест титули во класата од 50cc и седум титули во 125cc. Покрај тоа, успеа да постигне победи и со пет различни производители: Derbi, Bultaco, Garelli, Mineralli и Kreidler.

Back To Top