MotoGP

Петручи: Шанса да останам во Ducati ако бидам подобар од Лоренцо или Довициозо

„Ако сум побрз од некој од фабричките возачи тогаш имам шанса“ – Данило Петручи

Следете нè на:

 

Данило Петручи е свесен дека ќе го напушти Pramac по завршувањето на сезоната 2018 но тоа не значи и дека ќе си замине од Ducati. Италијанецот има опција да му се приклучи на фабричкиот тим но само доколку тие сакаат.

За жал на Петручи, Ducati ги преферира возачите кои ги има моментално, односно Андреа Довициозо и Хорхе Лоренцо. Но, како што вели Петручи, доколку на почетокот на сезоната тој покаже подобри резултати од нив, тогаш работите можат да се променат.

IMGP8621Данило Петручи

„Прво, среќен сум поради Пеко,“ изјави Петручи во однос на неговиот сонародник Франческо Бањаиа кој ќе го наследи во Pramac. „Но сепак не можам да кажам дека дефинитивно нема да настапувам за Ducati. 90 проценти е така, но оваа сезона тимот ми дава голема поддршка за да преминам во фабричката екипа.“

„Имавме првични разговори со Ducati, но одлучивме да почекаме и да видиме како ќе се одвиваат работите во текот на сезоната. Они имаат двајца добри возачи, но ако сум побрз од еден од нив тогаш се може да се случи.“

Како дополнителна помош за тоа ќе му дојде и новиот мотоцикл со кој Ducati настапи минатата сезона и кој има експериментален мотор, а со кој минатата година имаа проблеми на неколку трки.

„Оваа сезона е различна“, изјави Петручи. „Мојот мотоцикл е многу сличен со фабричкиот и затоа имам добри шанси да победам некој од фабричките возачи и да преминам во тимот.“

„Минатата сезона имав различен мотор. Не беше целосно различен но сепак имаше промени. Оваа сезона мотоциклите се исти. Помагам за време на тестовите. Тоа од една страна им помага на фабричките возачи но и јас имам корист од тоа. “

Една од причините за сличноста меѓу мотоциклите е тоа што Desmosedici, кој победи на шест трки минатата сезона, сега е порафиниран.

„Новиот мотоцикл има поголема моќност и во моментов тоа е доволно. Мојата ситуација минатата година беше навистина ризична. Многу пати морав да се повлечам од трката.“

„Оваа сезона ги поминавме сите тестови без никакви проблеми.“

Во пресрет на трката која ќе се оддржи викендов, Петручи е единствениот возач кој успеа да ги извози сите 22 круга за време на последниот ден од претсезонскиот тест кој се оддржа во Катар. На крајот, Италијанецот заостануваше само една секунда од неговото најдобро време.

„Задоволен сум од она што го постигнав. Имав добар настап со меките пневматици и тоа е навистина позитивно. А исто така направивме и неколку промени на мотоциклот.“

Неговиот тимски колега Џек Милер, кој настапи со моделот од 2017 година, на крајот се најде на единаесетото место.

Би можело да ве интересира

Станува збор за програма за изнајмување на мотоцикли која ќе биде достапна на сите продажни места на BMW.

„Можеби некои од шефовите во Yamaha ќе го погледнат бројот на порази и ќе прашаат зошто е тоа така“, Валентино Роси

Крајот на сезоната е одлична можност да се опремите со нова кацига по навистина поволна цена.

Марк Маркез се доближи еден чекор поблиску до освојување на титулата откако имаше импресивен настап пред домашната публика на трката која се возеше во Арагон.

Марк ми ја уништи трката, ми ја повреди ногата. Знае дека погреши! - Хорхе Лоренцо

„Можеме да се бориме за победа, но Хорхе и Марк исто така се добри на оваа патека. Затоа сметам дека воопшто нема да биде лесно“ - Андреа Довициозо.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!