Дани Педроса беше најбрзиот возач на Repsol Honda на официјалниот тест во Катар но сепак смета дека не може да се предвиди како ќе се одвива првата трка од новиот шампионат.

Дани Педроса беше најбрзиот возач на Repsol Honda на официјалниот тест во Катар но сепак смета дека не може да се предвиди како ќе се одвива првата трка од новиот шампионат.

pedrosa novo

Возачот на Repsol Honda, Дани Педроса, смета дека не може да се предвиди како ќе се одвива првата трка од новиот шампионат која ќе се оддржи овој викенд во Катар.

Педроса беше најдобриот возач на Honda за време на три дневните тестови кои се оддржаа на патеката во Лосаил и заврши со заостанување од 0.139 секунди зад возачот на Movistar Yamaha, Маверик Вињалес.

Искусниот шпанец е задоволен од напредокот кој го постигна неговиот тим со RC213V но сепак смета дека се уште е премногу рано за да се направат предвидувања во однос на новата сезона.

„Целиот тим работеше одлично во текот на претсезоната. Малку по малку го подобривме мотоциклот и перформансите. Тешко е да се направат предвидувања за новата сезона бидејќи сите возачи се добри. Но ние ќе го започнеме викендот со голема самодоверба и ќе го дадеме најдоброто од нас. Се уште има работи кои сакаме да ги подобриме.“

„На патеката има многу прашина а исто така е и ветровито и поради тоа мотоциклот е тежок за управување.“

Педроса досега нема постигнато победа на патеката во Катар, а најдобар резултат во премиерната класа му е второто место во 2012 година.

Back To Top