Дани Педроса официјално го објави своето повлекување од МотоГП трките, ова ќе биде последна сезона за шпанецот.

На денешната прес конференција пред трката во Захсенринг возачот на Репсол Хонда тимот, Дани Педроса го објави своето повлекување од шампионатот.

dani pedrosa solzi

Претседателот на Дорна Кармело Ецпелета најави дека по последната трка во Валенсија Педроса ќе добие признание за сето она што тој го направи за шампионатот, а Педроса мошне емоционално објасни дека ова е негова одлука, тој едноставно сватил дека е време да стави крај на кариерата.

Дани Педроса е роден на 29 септември 1985 година, а дебитираше во МотоГП шампионатот во 2001 година во класата до 125цц. Иако никогаш не стана МотоГП шампион, тој ќе остане запишан во историјата на шампионатот како возач кој забележувал победи 12 последователни години (2006-2017), и како најмлад шампион во класата до 250цц. Тој беше на чекор до шампионската титула во 3 сезони, 2007, 2010 и 2012 година кога завршуваше на втората позиција во генералниот пласман. Тој помина 13 сезони возејќи за Репсол Хонда тимот.

Back To Top