Можеби забележавте за време на трката во Муџело дека Валентино Роси повторно носеше специјално дизајнирана AGV Pista GP R кацига. Креирана од страна на Алдо Друди, оваа година Роси преку својата кацига им оддаде почит на Ники Хејдн и Франческо Тоти.

Можеби забележавте за време на трката во Муџело дека Валентино Роси повторно носеше специјално дизајнирана AGV Pista GP R кацига. Креирана од страна на Алдо Друди, оваа година Роси преку својата кацига им оддаде почит на Ники Хејдн и Франческо Тоти.

Во чест на Американскиот возач, бројот на Роси ,46 , беше претопен во обликот и бојата на бројот 69 на Хејдн. На врвот на кацигата пак се наоѓаше фудбалското игралиште каде деветкратниот светски шампион носи плав дрес на Италијанскиот национален тим.  Оваа слика и оддава почит на една друга спортска личност, Франческо Тоти, кој го одигра својот последен натпревар за Рома минатата недела. На задниот дел на кацигата беше напишано: Еден капитен...Има само еден капитен! Фудбалерот пак на својот последен натпревар носеше завој во чест на Роси кој за време на еден тренинг доживеа несреќа и малку фалеше да ја пропушти трката.

AGV Helmets Pista GP R Valentino Rossi Mugello Italian GP 02

Опишувајќи ја соработката, дизајнерот Алдо Друди, изјави: „Работиме како тим и го сметам Роси за дел од тимот. Ги слуша сите наши предлози со голема заинтересираност, а додава и свои идеи. Тука во AGV, нашата пасија ја преточуваме во работа и целта ни е да создадеме уникатен дизајн кој ќе обезбеди психолошка предност. Ова навистина е еден древен ритуал. Од дамнешни времиња, воините ги боеле своите лица пред да одат во борба со цел да изгледаат повеќе агресивно,“ вели Друди.

AGV Helmets Pista GP R Valentino Rossi Mugello Italian GP 04

„Ова мора да се направи во секоја ситуација која вклучува ризик. Со Валентино работиме на едно поинакво ниво, секогаш создаваме нешто што е мотивирано од силните емоции што се јавуваат кај него. Ги дефинираме клучните аспекти и секогаш мораме да бидеме прецизни бидејќи за да работиш со некој што освоил девет титули, тимот исто така мора да биде достоен за девет титули.“

Back To Top