Возачот на Movistar Yamaha, Маверик Вињалес вели дека се уште не знае која е причината за падот кој го спречи да се бори за третата победа по ред на трката во Тексас.

Возачот на Movistar Yamaha, Маверик Вињалес вели дека се уште не знае која е причината за падот кој го спречи да се бори за третата победа по ред на трката во Тексас. Шпанецот излета од патеката уште на самиот старт, а подоцна и призна дека се уште не знае што точно се случи. Сепак вели дека тоа нема да влијае врз него во борбата со Валентино Роси и Марк Маркез на следната трка која ќе се оддржи во Херез.

vinales pad sad

„Тоа беше навистина чуден пад. Постапив на истиот начин како што правев и за време на загревањето и за време на викендот. Мислам дека имавме проблеми со предното тркало. Но во секој случај, знаеме дека сме силни и брзи. Можеме повторно да бидеме брзи и затоа ќе се обидам што е можно побрзо да заборавам на се што се случи. “

И тимскиот шеф Масимо Марагали призна дека се уште не знае кои се точните причини за падот.

„Штета што настапот на Маверик заврши толку рано бидејќи судејќи според темпото кое го покажа во текот на викендот, сигурен сум дека ќе се бореше за победа. Детално ги проверивме податоците и во овој момент не можеме да ја откриеме причината за падот. Предното тркало се блокираше и тој не можеше ништо повеќе да направи. Сигурни сме дека за две недели на патеката во Херез тој повторно ќе биде брз.“

Back To Top