Вињалес останува во Јамаха до крајот на 2020 година.

Маверик Вињалес објави дека го продолжил договорот со Yamaha за уште две години. Подготвувајќи се за стартот на новата сезона, каде тимот ќе ги има својот прв тест за 2018 година на патеката во Сепанг, тој потврди дека го продолжи неговиот договор со Movistar Yamaha до крајот на сезоната 2020.

vinales707182

Сепак, во моментов се уште не е позната ситуацијата со неговиот колега, Валентино Роси. Во Yamaha е вообичаено и на двајцата возачи да им понудат исти договори во исто време. Ова значи дека деветкратниот шампион во скоро време може да очекува понуда за продолжување на неговиот договор.

Back To Top