Поранешниот светски шампион и актуелен офицер за безбедност во FIM, Франко Унчини, имаше несреќен крај на Шпанската Гран При трка.

Поранешниот светски шампион и актуелен офицер за безбедност во FIM, Франко Унчини, имаше несреќен крај на Шпанската Гран При трка. Кратко време после загревачкиот круг, Италијанецот излета од патеката и целосно го уништи безбедносното возило, BMW M5. Откако загуби контрола над возилото на свиокот број пет, Унчини се удри во гумите покрај патот. Тој се здоби со неколку скршени ребра, а неговиот сопатник заврши со скршена рака.

uncini2

Овој инцидент сигурно ќе отвори многу прашања за безбедносните возила кои во последните неколку години учествуваа во серија инциденти пред стартот на трките. Последната од нив се случи во Силверстоун минатата година.

Back To Top