MotoGP

MotoGP: Тардози верува дека Довициозо го слуша Стонер

Тимскиот шеф на Ducati, Давиде Тардози верува дека важен дел од досегашниот успешен настап на Андреа Довициозо се должи на фактот дека Италијанскиот возач ги слуша советите што му ги дава тест возачот на тимот и поранешен светски шампион, Кејси Стонер.

Следете нè на:

 

Тимскиот шеф на Ducati, Давиде Тардози верува дека важен дел од досегашниот успешен настап на Андреа Довициозо се должи на фактот дека Италијанскиот возач ги слуша советите што му ги дава тест возачот на тимот и поранешен светски шампион, Кејси Стонер.

Стонер, кој е важен дел од тимот од неговото враќање во 2016 година, игра голема улога во екипата. Тој не само што е тест возач туку е и тренер на помладите возачи. Во разговор за MCN, Тардози вели дека советите кои му ги дава играат голема улога во моменталната форма на Довициозо.

IMGP8246 copy copyАндреа Довициозо

„Дови е многу паметен и ги користи сите совети што му ги дава Кејси. Пред се како да извлечеш најмногу од мотоциклот и да не се грижиш премногу за проблемите. Секој мотоцикл има добри и лоши страни, а тој победува со користење на најдобрите работи на Ducati, забрзувањето и сопирањето кои одлично одговараат на неговиот стил на возење. Ducati и Довициозо се лидери во шампионатот и никој не веруваше дека тоа може да се случи.Тој отсекогаш бил брз, дури и кога возеше во класата од 125cc, а плус тој е многу интелигентен.“

„На крајот на минатата сезона откако зборуваваше со некои луѓе и со Ducati, му стана јасно дека мора да го промени својот став и да пронајде начин како да биде врвен возач. И тоа му успеа. Тој е паметен, искусен и никогаш до сега не сум го видел толку мотивиран. Мислам дека има добри шанси во борбата за титулата.“

Би можело да ве интересира

Викендов на патеката Аданката во Романија се возеше четвртата рунда од БМУ Европскиот шампионат во брзински мотоциклизам, а младиот Христијан Бузалковски забележа уште еден одличен викенд зад себе.

Тимскиот менаџер Давиде Тардози вели дека тимот отсекогаш знаел дека новиот возач на Honda, Хорхе Лоренцо, во одреден момент ќе почне да победува

„Менувачот и издувот го прават излегувањето од свиок многу подобро. Токму тоа го баравме јас и Лоренцо“ - Данило Петручи

Израелската компанија „Ride Vision“ претстави систем кој му овозможува на вашиот мотоцикл да ве предупреди на можноста од сообраќајна несреќа.

2018 Vespa World Days заврши завчера во Белфаст. Следниот ваков настан ќе се оддржи во 2019 година во Унгарија

Викендов на патеката Аданката во Романија се возеа 6-та и 7-та трка од БМУ Европскиот шампионат во брзински мотоциклизам.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!