Валентино Роси вели дека се разгледува идејата за радикална промена кај Yamaha со цел да се решат проблемите со кои се соочува тимот.

После уште една разочарувачка трка во Мизано, Роси вели дека сега можеби е вистинското време да се направи промена на конфигурацијата на моторот. Во моментов единствено Yamaha и Suzuki се производителите кои користат реден мотор. Роси веднаш по трката во неделата јавно праша дали премин на V4 ќе направи разлика за нив.

rossi motori sanmarino

Откако заврши на седмото место на трката која има големо значење за него, а неговиот тимски колега, Маверик Вињалес беше само две места подобар, двоецот уште еднаш доживеа разочарување и покрај тоа што забележаа добар резултат на последниот тест на патеката во Мизано. Но за време на главниот настан, тие повторно се соочуваа со проблеми, пред се со тракцијата, проблем со кој се соочуваат веќе две години.

V4 конфигурацијата која во моментов ја користат модели на Honda, Ducati, KTM и Aprilia, може да обезбеди моќ на таков начин што ќе ја подобри тракцијата. Но Роси вели дека со оглед на проблемите со кои се соочуваат во изминативе неколку години, би сакал да испробаат нови работи кои би помогнале да се надминат проблемите следната сезона.

„Постојат големи шанси дека моторот е главен проблем. Ducati и Honda научија многу од Yamaha во изминативе неколку години бидејќи нивните мотори беа премногу агресивни. Тие ги направија нивните мотоцикли да изгледаат многу на нашите, но разликата можеби лежи во нивниот V, а нашиот реден мотор.“

Но иако Роси се надева дека следната година ќе има драстична промена, сепак признава дека во моментов Yamaha не може да се носи со нивните ривали. Мачејќи се во поголемиот дел од изминативе две сезони, Роси стравува дека тимот можеби веќе ја пропуштил шансата за победа оваа сезона, победа со која би се прекинала најлошата серија во историјата на екипата.

„Навистина е чудо што сум на третото место на табелата со оглед на проблемите со кои се соочуваме. Последните три сезони ги започнавме одлично, но во вториот дел од сезоната имавме проблеми. Ако ги погледнете моите резултати, ќе видите дека секогаш освојував повеќе места на подиумот во првиот дел од сезоната. Се чини дека Ducati and Honda имаат начин како да го подобрат мотоциклот, а и ние мораме да го направиме тоа.“

Back To Top