Алекс Ринс ќе остане дел од тимот на Suzuki MotoGP и во следните две години.

Ваквата информација следува откако Шпанецот веќе неколку недели преговараше со својот тим. За разлика од минатата година која за Ринс беше исполнета со голем број на повреди, оваа сезона за него почна одлично. На трката во Аргентина тој за прв пат се најде на подиумот, а исто така беше добар и на останатите трки, без разлика што на последната излета надвор од патеката. Ринс вели дека останувањето во Suzuki има смисла за него.

rins motogp

„Многу сум среќен што го продолжив договорот. Дури и кога бев дел од Moto 2 и имав желба да преминам во главната класа, проектот кој го имаше Suzuki ми изгледаше нај интересен. Моето деби минатата година беше комплицирано. Имав повреда на грбот на тестот во Валенсија кој се оддржа во 2016 година, потоа повредата на ногата која ја добив за време на тренинг како и повредата на раката која се случи за време на трката во Асен.“

„После само две трки веќе имавме проблеми, но секогаш имав поддршка од тимот. Бевме трпеливи, работевме напорно и успеавме да ја промениме ситуацијата. Конечно оваа сезона заедно го освоивме и првиот подиум. Без разлика на резултатите, расположението во гаражата секогаш беше позитивно.“

„Проектот кој тимот го има подготвено за мене е фантастичен. Целосно им верувам кога станува збор за развојот и сигурен сум дека ќе продолжиме да постигнуваме добри резултати.Сега само треба да продолжиме да работиме напорно и да видиме каде тоа ќе не однесе.“

Back To Top