Светската мотоциклистичка организација го објави ревидираниот календар на трки во МотоГП шампионатот за 2012 година. Почетната трка останува во Катар, но пoместена е за една недела во однос на првичната информација..
Светската мотоциклистичка организација го објави ревидираниот календар на трки во МотоГП шампионатот за 2012 година. Почетната трка останува во Катар, но пoместена е за една недела во однос на првичната информација. Следната година сезоната ќе започне на 8-ми април со ноќната трка на патеката Лосаил за ГН на Катар.
Официјална потврда пристигна и за трката на патеката Херез која беше неизвесна. Во новата верзија на календарот за Германското Гранд При запишана е патеката Заксенринг, а ист е случајот и со патеката Есторил во Португалија и покрај тоа што овие две трки ќе треба дополнително да бидат потврдени. По се изгледа во 2012 нема да има промени за споменатите трки, но извесно е дека во 2013 на нивно место ќе се возат трките во Аргентина и Тексас.
Календар на MotoGP трки за 2012
Датум | Голема Награда |
Патека | |
8. Април | Катар | Лосаил | |
29. Април | Шпанија | Херез | |
6. Мај | Португалија | Есторил | |
20. Мај | Франција | Ле Ман | |
3. Јуни | Каталонија | Каталонија | |
17. Јуни | Британија | Силверстон | |
30. Јуни | Холандија | Асен | |
8. Јули | Германија | Заксенринг | |
15. Јули | Италија | Муџело | |
29. Јули | САД | Лагуна Сека | |
19. Август | Индијанаполис | Индијанаполис | |
26. Август | Чешка | Брно | |
16. Септ. | Сан Марино | Мисано | |
30. Септ. | Арагон | Арагон | |
14. Октом. | Јапонија | Мотеги | |
21. Октом. | Малезија | Сепанг | |
28. Октом. | Австралија | Филип Ајленд | |
11. Ноем. | Валенсија | Валенсија |